Пониско ниво на дел од реките во однос на вчерашниот ден, регистрира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според денешните мерења, најголеми остапувања има кај реката Вардар кај Велес каде нивото е пониско за десет сантиметри во однос на вчера, како и кај Демир Капија каде водостојот е понизок за шест сантиметри.
Понизок водостој имаат и Црна Река и Струмица. Кај останатите реки нема промени во однос на вчера.
Кај езерата и понатаму Преспанското Езеро е под апсолутниот минимум. Тоа е на ниво од 42 сантиметри под апсолутниот минимум.
МИА