Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бел тартуф тежок 900 грама, продаден за 100.000 евра!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бел тартуф тежок 900 грама, продаден за 100.000 евра!
АгровестиМагазинПазари

Бел тартуф тежок 900 грама, продаден за 100.000 евра!

Објавено 11/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
White Truffles resting on a red pillow with a side truffles slicer
Сподели
Ad imageAd image

На добротворна аукција, која традиционално се одржа по 21-ви пат во италијанскиот град Алби во Пиемонт, беше продаден бел тартуф за сума од 100.000 евра. Оваа сума на пари за печурката тешка  900 грама ја понуди кинески претприемач од Хонг Конг кој сакаше да остане анонимен.

Патем, веќе 89 години, ова место е домаќин на голем број саеми за бел тартуф, во чии рамки се одржува и оваа аукција. Но, поради моменталната состојба со пандемијата, таа се одржа преку Интернет, а сите собрани пари беа наменети за добротворни цели. Според италијанските медиуми, биле собрани вкупно 482.000 евра.

Минатата година примерок тежок нешто повеќе од еден килограм беше продаден на аукција за 120.000 евра, а парите беа наменети за здружение од Хонг Конг кое им помага на децата без родители, како и за центар во Москва кој помага во истражувањата на карциномот кај децата.

Од продажбата на тартуфи се заработуваат 500 милиони евра годишно

Заинтересирани луѓе од целиот свет можеа да се пријават на видео-аукцијата, а местото на одржување на аукцијата е познато по белите тартуфи и производството на вино. Околу 200 000 луѓе, секоја година се  собираат таму, во периодот од 21 септември до 31 јануари. Според tekdeeps, тие заработуваат просечно 500 милиони евра годишно.

Потрошувачката на овие печурки датира уште од библиски времиња, па дури и тогаш била типична за некои области на Медитеранот. Уште од средниот век, може да се докаже сè пошироко распространетата гастрономска употреба на црни тартуфи во северните и европските земји. Најчесто собран вид во лето, е тартуфот со  латинско име  Tuber aestivum, кој е распространет низ цела Европа.

Тартуфите главно растат покрај корените на некои видови дрвја како даб, топола, бука, габер, леска, бука, липа и врба. Тие се посебен тип на печурки бидејќи немаат дршка како повеќето габи, но нивните плодни тела растат под површината на земјата.

Одгледувањето на тартуфи, засновано на садници од микориза, е меѓународно прифатено и се однесува на професионален метод за нивно одгледување. За да се подигне плантажа со тартуфи, најпрво потребни се садници од соодветни видови на дрвја, кои на својот  корен имаат  мицелиум од овие габи.

Корист од оваа симбиоза имаат и тартуфите и дрвјата

Овие габи целосно го обвиткуваат  коренот и ослободуваат голема количина хифи кои одат од неговата површина во почвата и му помагаат на растението да користи многу поголеми количини на хранливи материи и вода од почвата. Придобивката пак што габите ја имаат од од растението е тоа што го  земаат вишокот на сложени јаглехидрати и други асимилати кои не можат да ги произведат самостојно.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:100.000 еврабел тартуфлицитација
Претходен напис Водостојот на дел од реките понизок во однос на вчера
Следен напис Хоџа: Наскоро нови униформи за Шумската полиција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?