Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети Подрачната единица на Министерството во Боговиње, каде што присуствуваше на доделувањето картички за зелена нафта на земјоделците од оваа општина.
За земјоделците од Боговиње се обезбедени вкупно 251 картичка, во вкупна вредност од 2.076.162 денари, во рамките на мерките за поддршка на земјоделското производство.
Оваа мерка има за цел намалување на трошоците за гориво што се користи во земјоделската механизација, со што се олеснуваат производствените трошоци и се обезбедува директна поддршка за земјоделските стопанства.
За време на посетата, заменик-министерот Хоџа ја истакна важноста од продолжување на поддршката за земјоделците и подобрување на условите за земјоделско производство.
МЗШВ

