Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германската влада продолжува со поддршка на КИФ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германската влада продолжува со поддршка на КИФ
Агровести

Германската влада продолжува со поддршка на КИФ

Објавено 06/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бранко Азески в.д. претседател на Коморскиот Инвестицискиот форум (КИФ) на шесте земји од Западен Балкан, доби известување преку Сојузното министерство за економска соработка (одделение за Југоисточна Европа), дека Владата на Сојузна Република Германија го поддржува Регионалниот фонд за предизвици со дополнителни 3,5 милиони евра и ја задолжува Германската банка за развој (KFW) за спроведување на активноста која ќе биде зокружена со склучување на договор за финансирање, информира Стопанската комора на Северна Македонија во соопштение што МИА го објавува интегрално.

Досега Владата на СР Германија како наш долгогодишен партнер го подржа Фондот преку четири отворени регионални повици за што Фондот има распределено вкупно 83,4 милиони евра за поддршка на 126 проекти во регионот изминатите пет години.

Прв повик – 14,38 милиони евра доделени гранта за 37 конзорциуми

Втор повик – 12,2 милиони евра доделени гранта за 27 конзорциуми

- Реклама -
Ad image

Трет повик – 7,29 милиони евра доделени гранта за 16 конзорциуми

Четврти повик – 12,6 милиони евра доделени гранта за 38 конзорциуми

Процесот на креирање и реализација до целосна финализација, на еден ваков проект е иницијатива на Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан, кој во центар на случувањата ги има Коморите кои одиграа клучна улога во процесот на стручното образование, бидејќи учењето преку работа претставува договор и доверба помеѓу: работодавачите – кои ги поставуваат сегашните и идни потреби од работна сила, коморите – кои треба да изнајдат начин како да излезат во пресрет на работодавачите и образовните институции – да оспособуваат квалитетни и стручни кадри.

Регионалниот фонд за предизвици е основан на иницијатива на Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ), финансиран од Германската банка за развој (KFW), а го спроведува Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, како главен партнер за имплементација

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) има за цел да ја зголеми конкурентноста на претпријатијата во Западен Балкан 6, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за проекти за дуално и стручно образование изработени во партнерство на установи за стручно образование и претпријатија. Грантовите се доделуваат по пат на конкурентен регионален предизвик.

Во рамки на проектот, Македонија, вкупно преку сите четири гранта обезбеди поддршка за 17 конзорциуми и тоа за 12 стручни училишта, 5 факултети и 88 компании/организации, во вкупен износ од 7,63 милиони евра

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Во Боговиње, 251 картичка за зелена нафта за земјоделците, во вредност од над 2 милиони денари
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради прилагодување на банките за новите стандарди во платниот промет
Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
Без струја повеќе улици во Скопје
Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
Таг:Германската владаКИФподдршка
Претходен напис Променливо облачно време во наредните денови, од понеделник локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?