Со овие Услови за користење се опфатени сите страници и содржини на Агротим.мк (во понатамошниот текст: Агротим) и со самото користење на било кој дел од овој интернет портал се смета дека корисникот ги прифаќа овие Услови за користење.
Агротим го задржува правото на измена на овие Услови за користење без претходна најава.
Авторско право
Содржините кои се објавени на Агротим може да се користат само за лично информирање на корисниците. Забрането е преземање или копирање на авторски содржини или дел од авторски содржини (текстови, фотографии, видеа) без претходна писмена дозвола од редакцијата на Агротим.
Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено ве молиме известете не на [email protected]
Коментирање
Агротим нема да објавува коментари коишто содржат закани, навреди, клевети, дисквалификации на личности или групи на која било основа, пцовки и вулгарности или пак повици за насилство и шиканирање.
Коментарите треба да бидат кратки – оние подолги од 1.000 знаци нема да бидат објавени.
Агротим објавува коментари само на македонски јазик, напишани со кирилично или латинично писмо.
Забрането е рекламирање во коментарите.
Коментарите не се објавуваат веднаш – се прегледуваат и одобруваат после недефиниран период, поради ангажираноста на модераторите.
Објавените коментари не ги изразуваат ставовите на Агротим туку само ставовите на нивните автори и Агротим не сноси одговорност за кажаното во коментарите.