Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, и заменик-градоначалникот Алби Ќамили. На средбата присуствуваа и пратеничката Мимоза Муса и раководителот на Подрачната единица за земјоделство во Тетово, Јетон Рустеми.
Во фокусот на средбата беше изнаоѓањето решение за обезбедување посоодветни и подостоинствени просторни услови за функционирање на Подрачната единица за земјоделство во Тетово, со цел подобрување на условите за работа и квалитетот на услугите за земјоделците.

Исто така, се разговараше за подготовката на новите програми за поддршка на Министерството, координацијата со локалната самоуправа и идентификувањето можности за заеднички иницијативи во областа на руралниот развој.
Соработката меѓу Министерството и општините останува значајна за решавање на конкретните потреби на земјоделците и создавање подобри услови за развој на земјоделскиот сектор.
МЗШВ

