Децата кои растат на фармите живеат поздраво, велат научниците од Хелмхолц Зентрум, Германскиот истражувачки центар за животна средина и здравје во Минхен, а исто така и истражувачите од Универзитетот Лудвиг Максимилијанс во Минхен (ЛМУ).
Меѓу другото, тие потврдија дека овие деца имаат помал ризик од развој на астма, се вели во соопштението на истражувачкиот центарот.
Цревата вјлиаат на имунолошкиот систем
Една од причините дали детето ќе има астма или не, може да биде и здравјето на цревата. Веднаш штом ќе ја видиме светлината на денот, нашиот имунолошки систем треба да се справи со малите организми од околината, т.н. микробиоми.
Бидејќи цревата се наш најголем имунолошки орган, созревањето на овој систем е директно поврзано со созревањето на колонизационите бактерии, таканаречениот интестинален микробиом, што се одвива во првата година од животот.
После тоа, неговиот состав се стабилизира и нè следи цел живот. Колку подобро созрева, толку повеќе бактерии произведуваат масни киселини со краток ланец. Тие за возврат помагаат во заштита од астма.
Времето поминато во штала има позитивно влијание
За време на истражувањата, научниците откриле дека условите специфични за фармите, како што е престојот во шталите на животните, имаат силно, позитивно влијание врз микробиомот на цревата, иако првично се очекувало дека тоа се должи на исхраната.
„На фармата, децата доаѓаат во контакт со фактори на животната средина кои комуницираат со нивниот цревен микробиом за да создадат заштитен ефект од астма“, заклучува др. Мартин Депнер, биостатистичар од Центарот Хелмхолц во Минхен. Така, животната средина игра голема улога во развојот на имунитетот, особено кога станува збор за астма.
Научниците анализирале примероци од изметот од повеќе од 700 деца на возраст од 2 до 12 месеци, од кои некои пораснале на фарма.
Неодамна беше направена студија која покажа дека децата кои консумираат полномасно млеко имаат помала веројатност да имаат прекумерна тежина и да бидат дебели, отколку оние деца кои консумираат млеко со помалку маснотии.
Исто така, Заводот за здравствена заштита на Велика Британија истакна дека млечните масти обезбедуваат важни калории за малите деца кои исто така содржат есенцијални витамини. За постарите лица и возрасните, се препорачува млеко со помалку маснотии затоа што возрасните користат премногу маснотии во остатокот од исхраната, што може да резултира со тежина во стомакот.
Извор: Агроклуб
