Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион
Агровести

Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион

Објавено 06/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Третата фаза на системот за наводнување „Страиште“, вредна 25 милиони евра, ќе опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и ќе ги задоволи потребите на околу 6.000 земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешниот настан со кој се означи почеток на реализација на инвестицијата во населеното место Пирава, општина Валандово.

„Оваа инфраструктура ќе овозможува примена на наводнување капка по капка, попрецизно дозирање и поекономично користење на водата. За производителите тоа ќе значи поголема контрола врз одгледувањето на културите и услови за постабилни приноси и поквалитетен род, особено во сушните периоди од годината“, рече министерот Серафимовски.

Тој информираше дека проектот предвидува изградба на 70 километри цевководна мрежа под притисок, поставување на околу 500 хидранти и изградба на нова пумпна станица.

„Во рамките на проектот се предвидени советодавна поддршка и практични обуки. Земјоделците ќе добијат стручни препораки за ефикасно користење на системот и приспособување на наводнувањето според својствата и влажноста на почвата, временските прилики и потребите на културата. На овој начин, вложувањето во инфраструктурата ќе биде поддржано и со знаење што ќе им помогне на земјоделците подобро да ги користат нејзините можности“, нагласи министерот Серафимовски.

- Реклама -
Ad image

Тој истакна дека Владата со овој проект ги поддржува долгорочните вложувања во земјоделските стопанства, а постабилното производство ќе отвори простор за подобра заработка на земјоделците и за развој на преработката, складирањето и трговијата, со пошироки економски придобивки за целиот валандовски регион.

Системот за наводнување „Страиште“ се надоврзува на првите две фази од проектот „Вардарска долина“ и претставува продолжување на партнерството со германската развојна банка KfW. На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Работна средба во Општина Тетово за подобрување на условите во Подрачната единица за земјоделство и руралниот развој
Германската влада продолжува со поддршка на КИФ
Во Боговиње, 251 картичка за зелена нафта за земјоделците, во вредност од над 2 милиони денари
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради прилагодување на банките за новите стандарди во платниот промет
Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
Таг:25 милиони евраСерафимовскиСтраиште
Претходен напис Германската влада продолжува со поддршка на КИФ
Следен напис Работна средба во Општина Тетово за подобрување на условите во Подрачната единица за земјоделство и руралниот развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?