Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наместо за домати, 850.000 евра од ЕУ фондовите „отишле“ за криминал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наместо за домати, 850.000 евра од ЕУ фондовите „отишле“ за криминал
Агровести

Наместо за домати, 850.000 евра од ЕУ фондовите „отишле“ за криминал

Објавено 24/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) разоткрила криминална група од Италија и Романија. Девет лица ќе се најдат на обвинителна клупа на романскиот суд под обвинение дека направиле измама вредна речиси 850.000 евра, барајќи и добивајќи средства од фондовите на ЕУ наменети за производство на домати.

Истрагата била спроведена во соработка со романската Национална антикорупциска управа и обвинителството на италијанската покраина Ена. ОЛАФ открил голем број потенцијални измамнички практики кои вклучуваат поднесување фалсификувани документи, основање фиктивни компании и фалсификувани декларации за земјиште за незаконско добивање средства.

Меѓу обвинетите има пет италијански државјани и четворица романски државјани. Ним ќе им се суди за формирање криминална група со намера незаконски да прибават земјоделски средства од ЕУ во Романија.

Генералниот директор на ОЛАФ, Вил Итала, рече дека се многу задоволни од ваквиот развој на настаните, што, како што истакнува, е директно продолжение на одличната работа што ја вршат истражителите во партнерство со властите на овие земји.
„Мисијата на ОЛАФ е да се погрижи фондовите на ЕУ да стигнат до целните корисници за да можат да имаат корист на општеството.

ОЛАФ се приклучи на истрагата во 2018 година по извештајот за измама против земјоделските фондови на ЕУ во Романија од страна на група Италијанци. Откако првичните истраги го потврдиле тоа, беше формиран Заеднички истражен тим, составен од ОЛАФ, романската Национална антикорупциска управа и Обвинителството на Ене.

Заедничкиот истражен тим открил голем број неправилности, односно дека криминална група основала лажни фирми со седиште во Романија со единствена цел да добие помош, без никаква намера да одгледува домати.

Користејќи фалсификувани документи како лажни закупнини и фактури, успеале да добијат 850.000 евра. Ова е четвртина од помошта на ЕУ доделена на Романија за производство на таа градинарска култура во 2017 година. Ништо од тие пари не се потрошени за таа намена или во Романија. По осплатата, парите биле префрлени на банкарски сметки во Италија, каде што понатаму биле искористени за финансирање други криминални активности.

ОЛАФ ја затворил својата истрага во октомври 2020 година со судски препораки до романските и италијанските власти и финансиска препорака до Канцеларијата за земјоделство и рурален развој на Европската комисија за враќање на целиот износ од 850.000 евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:доматиевропски фондови
Претходен напис Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени за новото производство
Следен напис Одгледување на сименталки – Како тоа го прават најдобрите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?