Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени за новото производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени за новото производство
Агровести

Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени за новото производство

Објавено 24/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Две третини од реколтата тутун се веќе откупени. Според Сојузот на земјоделски здруженија, откупните претпријатија имаат преземено над 15.000 тони, а просечната цена е 194 денари за килограм. Претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски вели дека откупот непречено се одвива и со овој интензитет може да заврши пред рокот, кон средината на февруари.

-Откупени се преку 15.000 тони и реколтата е помала од договорените околу 22.000 тони. Според овој интензитет, се очекува да заврши во средината на идниот месец – вели Стомнароски.

Потврдува дека тутунарите не се задоволни со оваа цена и затоа ги повикува заеднички да се изборат за повисоки цени по класи.

-Трошоците на живот пораснаа, а и трошоците за производството. Затоа уште сега ги повикувам тутунарите заеднички да се избориме за нови цени – изјави Стомнароски.

Сојузот бара кон средината на февруари средба со Министерството за земјоделство и со откупувачите за нови цени и за законски измени за поголема улога на Сојузот при производството и откупот.

-Потребно е производителите да имаат поголема и рамноправна улога во целиот тек на реколтата, од потпишувањето на договорите до откупот. Сојузот да решава дали ќе се потпишат договорите со цени на кои инсистираат откупувачите, а не како досега тие да ја имаат доминантната улога. Токму дека тоа се приватни компании и дека е пазарна економија. Треба да имаме рамноправно учество како договорни страни – објаснува Стомнароски.

Во меѓувреме има и иницијатива од Пелагонискиот регион за измени во законот за тутун во поглед на увозот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:стомнаровскитутун
Претходен напис Минусни температури насекаде низ државата, најстудено во Крушево и Берово -12
Следен напис Наместо за домати, 850.000 евра од ЕУ фондовите „отишле“ за криминал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?