Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Митрев: „Агрофила“ќе се приклучи во проектот Договорно производство на органски сончоглед и масло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Митрев: „Агрофила“ќе се приклучи во проектот Договорно производство на органски сончоглед и масло
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) Митрев: „Агрофила“ќе се приклучи во проектот Договорно производство на органски сончоглед и масло

Објавено 19/11/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договорното производство на органска пиперка продолжува и оваа година. Според изјавите на преработувачите, успешноста на проектот ќе биде уште поголема доколку, покрај домашниот органски пипер, можат да набават и органско масло за готвење, наместо да го увезуваат.

За таа цел одлучивме да го прошириме проектот и со Договорно производство на органски сончоглед кој ќе се преработи во масло за потребите на преработувачките капацитети кои ќе се одлучат да произведуваат органски ајвар.

Првата асоцијација за сериозна компанија која се занимава со преработка на масло од домашни земјоделски култури, беше „Агрофила“ од Штип. Реномирана компанија, докажана по својот квалитет и партнерски однос кон земјоделските производители.

Разговараме со сопственикот на Агрофила – Саша Митрев за договорното органско производство и воопшто за развојот на овој бизнис кај нас.

„Договорното земјоделство мислам дека е иднината на нашето, македонско земјоделство. Така беше и порано во еден друг систем, кога се договараа за производството земјоделците и преработувачите, ама мислам дека тоа е иднина и за нас, затоа што без тоа не може да се произведува за непознат купувач. Тоа може да биде за една година, за две години и после ќе имате проблеми како земјоделски производители. Мислам дека тоа да се стимулира од страна на Министерството, да се контактираат фирмите да не купуваат производи, полупроизводи од странство, суровина исто така, ако може да се набави овде кај нас, рече Митрев.

„Ние го практикуваме веќе десетина години, зашто видовме дека има големи предности, знаеме каде се произведува, кој го произведува, значи во тој синџир од самиот земјоделски производител до супермаркетот со следење на стандардите можеме да го следиме производот од нива па до трпеза. На тој начин ја знаеме суровината, знаеме каде се произведува, кој ја произвел, каков е квалитетот. Во нашето поднебје има одлични производители само се несигурни со пласманот. „Агрофила“ како фирма долги години го практикува договорното земјоделство. Произведуваат за „Агрофила“ и се затвора целиот циклус. Мислам дека за многу гранки треба тоа да се практикува – потенцира Митрев и ни раскажа за тоа каква е соработката со земјоделците и кои се земјоделски култури ги откупуваат и преработуваат.

„Ние почнавме со сончоглед, проширивме со маслодајна репка, правевме експерименти со лен. Ленот неколку години договорно се произведува на неколку договорни стопанства и сѐ е потрошено во Македонија, речиси сѐ е потрошено на македонскиот пазар и ние знаеме каде се произведува тој лен и нашите купувачи се задоволни.

Ние не сме некоја којзнае колку голема фирма, тоа што има потреба уште не може да се задоволи со договорното производство. Но мислам дека се движат работите на подобро, да се договараме 100% да бидеме покриени уште во февруари кога почнуваме со плановите за претстојната година, во март кога ќе се посее сончогледот да знаеме што ќе се добие и да не чекаме септември и октомври неизвесност каква ќе биде цената.



Најголем проблем е цената, затоа што ние ги правиме калкулациите со земјоделците на одредена цена. Така и правевме до минатата година. Ја дефиниравме цената уште во март. Значи уште непосеан сончогледот, тие ја знаеја цената која ќе биде. Таа се движеше и беше стабилна, со исклучок на оваа година, кога се случи големо пореметување на пазарот и цената веќе не може да се дефинира. Да речеме, сончогледот се движеше некаде околу 19-20 денари, а оваа година дојде на 25-26-27, со тенденција на покачување, што никој не можеше да го предвиди“ – изјави Митрев.

За органското производство, конкретно за производството на масло, смета дека е надоградба на конвенционалното, со тоа што бенефит ќе имаат и самите земјоделци, затоа што суровината што ќе ја произведат ќе биде значително поскапа и маслото што ќе се произведе ќе биде нешто поскапо.

„Мислам дека тука има големи предизвици за сите нас и можеби и „Агрофила“ еден ден да се трансформира и од конвенционално да произведува органско масло, како што и прилега ладно цедените масла да бидат органски масла.

Затоа ние би се вклучиле во тој проект затоа што тоа на почетокот нема да бидат многу големи количини, да дадеме еден придонес да почне оваа работа, да видат земјоделците дека може и во наши услови да се договараат, да ги знаат сите калкулации уште во самиот старт, на почетокот на годината, со помош на Министерството за земјоделство преку различни начини на субвенционирање и мислам дека може да се направи голема работа, пред сѐ за земјоделците да не бидат оставени на неизвесност, да произведуваат со точно одредени цени, кои ќе ги знаат претходно и кои можат да бидат само повисоки, а не можат да бидат пониски. Мислам дека тоа е перспективата – заклучува Митрев.

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:агрофиладоговорно производствотргопрудкт
Претходен напис Израелците произвеле млеко благодарение на растителните микроорганизми – Велат дека вкусот е идентичен на кравјото млеко
Следен напис (ВИДЕО)Георгиевски: 300 милиони денари за 19.000 тутунари, грижата за земјоделците продолжува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?