Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот

Објавено 02/04/2026
Сподели
11 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Корнишоните се меѓу земјоделските производи кои имаат значајна улога во прехранбената индустрија, како основна суровина за преработка и производство на конзервиран зеленчук.

Побарувачка за корнишони има како во домашната така и во странската преработувачка индустрија за зеленчук. Кога станува збор за садење на корнишони, една од предностите е договорното производство со преработувачките капацитети, при што земјоделците уште пред почетокот на сезоната имаат обезбеден откуп и однапред дефинирани услови за пласман, што е најважно за едно предвидливо и одржливо земјоделско производство.

Со добра организација, примена на потребните агротехнички мерки и едукација, искуството на земјоделците покажува дека одгледувањето корнишони може да биде стабилен извор на приходи и сигурен семеен агробизнис.

Проценките се дека за почеток со површина од 0,5 хектари, овој бизнис може да обезбеди сериозен приход.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ВИ ГО ПРЕЗЕНТИРАМЕ ВОДИЧОТ ЗА ПОЧЕТНИЦИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ КОРНИШОНИ

Првиот чекор – формална регистрација во ЕРЗС

Секој кој сака формално да се занимава со овој агробизнис, потребно е да се регистрира во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС). Оваа регистрација овозможува користење субвенции преку Програмата за директни плаќања и ИПАРД програмата.

Линк: Постапка за запишување во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) – Agrotim Pro

Обезбедување земјиште и подготовка на оранжеријата

Производството на корнишони најчесто се одвива во оранжерии со најлонска фолија (пластеници) кои овозможуваат подобра контрола на условите и повисок принос. Пред да се започне со подготовка на пластеникот, потребно е да се обезбеди земјоделско земјиште, а оптимална површина како за почеток се препорачува да биде околу 0,5 хектари.

Изградбата на пластеникот опфаќа комплетна метална конструкција т.е железни цевки, двоен најлон, систем за наводнување капка по капка, прскалки, систем за оросување, систем за загревање зависно од временските услови, систем за вентилација.

Вкупната инвестиција која за оваа намена се движи од 25.000 до 30.000 евра е вложување кое овозможува стабилно и контролирано производство.

Меѓу попознатите компании дистрибутери за најлони за оранжерии и системи за наводнување капка по капка во Македонија се компанииите „Фалкон“, како и компанијата „Грин Хаус Трејд“.

Регистрираните земјоделци имаат можност да аплицираат и за субвенции во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗР), за обработливa површина за градинарски култури на отворено и во пластеници, меѓу кои спаѓа и корнишоните. Висината на субвенцијата за минимум засеана површина за 0,3 хектари изнесува 30.000 денари по хектар. Исто така државата овозможува покривање на трошоците за нафта за механизација, која за корнишони изнесува 9.600 денари по хектар.

Висина на СУБВЕНЦИИ за ГРАДИНАРСКИ КУЛТУРИ за 2026 год.

Садење, семе и заштитни средства за корнишони

Садењето на семето за корнишони најчесто се врши од 15 до 20 февруари, расадувањето се прави на почетокот на април, додека бербата започнува во мај и трае до средината на јули. Корнишоните имаат две реколти. За втората реколта расадување се врши на почетокот на август, а бербата во  септември и октомври.

По садењето, започнува најважниот дел, редовната заштита и наводнување на растенијата. Наводнувањето, прихраната и заштитата од болести се спроведуваат континуирано, а кај корнишоните тоа значи и секојдневно присуство на нива.

Цената на семе за половина хектар за една реколта е  300 евра, за хемиски препарати од 800 до 1.000 евра, за  ѓубрива од 350 до 400 евра и за супстрат околу  100 евра.

Како и кај секое интензивно производство, така и кај корнишоните во пластеници, заштитата од штетници е еден од клучните чекори за добар и квалитетен род.

Земјоделците велат дека е важно штетниците да се препознаат навреме, бидејќи во контролирани услови тие можат брзо се размножуваат и да направат штета, доколку навреме не се преземат мерки.

Меѓу најчестите штетници се лисните вошки, белокрилката, црвениот пајак, трипсот и разни гасеници. Симптомите најчесто се препознаваат преку виткање и пожолтување на листовите, појава на леплива течност, ситни жолти точки или тенка пајажина. Во одредени случаи може да дојде и до деформација на плодовите и опаѓање на цветовите.

Еден од најефикасните препарати што го користат земјоделците е препаратот Сигента (Syngenta). За овој препарат како и за други заштитини средства во Македонија дистрибутери се  „Агро Јуником“, „Холма“ и други компании кои нудат препарати и советодавна поддршка за земјоделците.

Линк: Контакти | Syngenta

Земјоделците советуваат редовна контрола на насадот, особено од долната страна на листовите, каде што најчесто се кријат штетниците. Навремената заштита и правилниот избор на препарати се клучни за да се зачува родот и да се обезбеди квалитетно производство.

Механизација и опрема

За обработка на земјиштето и одржување на насадот, потребна е основна механизација, плуг кој чини околу 300 евра, фреза која чини од 500 до 600 евра, трактор кој чини 9.000 до 12.000 евра зависно од моделот, како и опрема за заштита. Овие инвестиции се важни и за олеснување на работата, како и за квалитетен принос.

Линк:ОДЛИЧНА МОЖНОСТ: Приклучна механизација на 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА во ХЕМОМЕТАЛ! – Agrotim Pro

Вкупната вредност на механизацијата и опремата се движи од 9.800 до 12.900 евра, во зависност од изборот.

Коринишоните даваат брз род

За разлика од многу други култури, корнишоните даваат релативно брз род. Првиот род доаѓа по околу 40 дена од садењето. Приносот од една реколта изнесува од 45 до 60 тона. Откупната цена на корнишоните се движи околу  30 до 60 денари за килограм,  зависно од класата.

Бербата на корнишоните бара и рачна работа, често пати и секојдневно берење. Во пикот на сезоната може да има потреба и од две берби дневно.

Сигурен пласман и договорно производство

Најголемата предност кај корнишоните е што се суровина која е потребна на преработувачката индустрија за зеленчук, па често пати се произведуваат со однапред договорен откуп со преработувачките односно со договорно производство. Ова им овозможува сигурност и предвидливост на земјоделците, бидејќи најважно нешто за еден земјоделец е да има сигурен пласман.

Побарувачката за корнишони како суровина за преработувачката индустрија е голема, а интересот за договорно производство од година во година расте. Една од компаниите што врши откуп на корнишони е „Вегафру Пакос“ од струмичкото село Пиперево, која работи преку договорно производство со земјоделците. Компанијата ги снабдува преработувачките капацитети за зеленчук во државата со оваа суровина, додека мал дел од откупеното количество се извезува.

Откупната цена, во зависност од класата, се движи од 12 до 65 денари за килограм. Според податоците од компанијата, минатата година биле откупени околу 600 тона корнишони, а годинава се очекува двојно поголем откуп.

Земјоделците кои се заинтересирани за сигурен пласман на родот преку договорно производство, можат да се обратат кај сопственикот на „Вегафру Пакос“, Сашко Атанасов, на телефонскиот број 078 296 053.

Link:Агротим: Ви треба суровина за преработка или производи за продажба? Ви нудиме организирање на Договорно производство! – Agrotim.mk

Инвестиција и потенцијална заработка

Кога ќе се соберат сите трошоци од изградба и опремување на пластениците, механизација, семе и заштитни средства, почетната инвестиција за 0,5 хектари корнишони можеби изгледа значајна, но е оправдана.

За овие инвестиции од големо значење за земјоделците се поволните кредитни линии што ги нудат комерцијалните банки, кои им овозможуваат пристап до кредити за различни намени.

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…

Според проценките, од една реколота со принос од 45 до 60 тони по реколта, и  откупна цена од околу 35 денари, приходот се движи од 1,5 до над 2 милиони денари.

Сублимирана пресметка за 0,5 хектари со корнишони:

  • Еднократна подготовка на оранжерија (најлонска фолија, систем капка по капка, метална конструкција = 25.000 – 30.000 евра
  • Семе и заштитни средства за една реколта = од 1.550 до 1.800 евра
  • Механизација и опрема = 9.800 до 12.900 евра
  • Вкупна инвестиција: од 36.350 до 44.700 евра (во зависност од изборот)
  • Приход: 1.500.000 до 2.200.000 денари односно 24.390 евра до 35.770 евра за една  реколта, а за две реколти приходот изнесува 48.780 евра до 71.540 евра

Агробизнис за дoлгорочна егзистенција

Земјата секогаш враќа онолку колку што ќе вложите. Со труд, континуирана едукација и следење на производството, резултатите секогаш доаѓаат. Корнишоните се култура која нуди сигурен приход, а инвестицијата може да се врати веќе по втората реколта. Оттука, одгледувањето корнишони со трпение и посветеност, овозможува стабилен приход и гарантирано враќање на инвестицијата, што го прави овој агробизнис вистинска шанса за семејна егзистенција.

Извор: АгротимПро

Може да ви се допадне

Проветрување на пластеници – Важна мерка за здрав и квалитетен раст на растенијата
Втора меѓународна агробизнис научна конференција „AGROMAK 2026“ во Куманово
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Таг:агробизнискорнишонипластенициЦЕНА
Претходен напис МЗШВ остро реагира на ширење дезинформации за нова предлог мерка: Незаконски искористено името на министерството
Следен напис БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?