Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Георгиевски: 300 милиони денари за 19.000 тутунари, грижата за земјоделците продолжува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > (ВИДЕО)Георгиевски: 300 милиони денари за 19.000 тутунари, грижата за земјоделците продолжува
Агровест

(ВИДЕО)Георгиевски: 300 милиони денари за 19.000 тутунари, грижата за земјоделците продолжува

Објавено 21/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Сакаме да ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат започна со исплатата на финансиската поддршка за тутунарите во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 и на сметките на производителите на тутун веќе почнаа да стигнуваат парите за откупените количини, истакна на денешната прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Над 19.000 тутунари, наши сограѓани, добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари.

Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа.

Сакам да ја потсетам јавноста дека претходно за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата за тутунарите, во година на светска здравствена и економска криза, успеа да реализира две милијарди денари финансиски средства.

Секогаш кога е потребно, подаваме рака. Верувам дека добро се сеќавате на едно минато време, кога бевте оставени сами на себе, кога трпевте притисоци од режимот и кога моравте вашиот квалитетен тутун да го давате за мизерни цени.

Тоа се смени со СДСМ, затоа што сме отворена партија и затоа што водиме грижа за сите.

СДСМ ќе продолжи со безрезервната гружа за тутунарите и за сите земјоделци во нашата држава.“, рече Георгиевски.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК БР.02/26: Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Неготино
Таг:Гоцемзшвсдсмсубвенциитутунари
Претходен напис (ВИДЕО) Митрев: „Агрофила“ќе се приклучи во проектот Договорно производство на органски сончоглед и масло
Следен напис Денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?