Старт-апот „Imagindairy“ со седиште во Тел Авив, во средата објави во јавноста дека нивното млеко ќе биде идентично на кравјото млеко, но наместо крава, и со неа поврзаниот метан, тоа би било создадено благодарение на габите и другите растителни микроорганизми програмирани за производство на млечни протеини. За овој проект старт-апот собрал 13 милиони долари.
„Кравјо млеко без крави“ ќе биде во израелските продавници до 2023 година.
Процесот на производство на ваквото млеко вклучува вметнување на ДНК инструкција за производство на сурутка и казеин, главни млечни протеини во микроорганизмите. За протеините на сурутката и казеинот кои ги произведуваат микроорганизмите да се претворат во кравјо млеко и млечни производи, ќе се додаде и растителна маст, шеќер и вода.
Кравјото млеко без метан би можело значително да го намали влијанието на климатските промени и сечењето на шумите, сметаат невладините организации. Се смета дека намалувањето на емисиите на метан се најдобар достапен алат за забавување на загревањето на климата во следните 25 години.
Веќе постојат огромен број алтернативни млека на пазарот, а последните години дојде до зголемена побарувачка за соино млеко, бадемово млеко и други варијанти.
Но, земјоделските компании кои работат на производство на месо и други млечни производи (освен самото млеко) не успеале да произведат храна за комерцијална употреба. До денес единствена компанија која произведува и продава млечни производи, а кои не се од кравјо потекло, е компанијата „Perfect Day“ со седиште во САД. Но и таа тоа го прави во мали количини.
Основачот и извршен директор на „Imagindairy“, Ејал Аферган, изјави дека неговиот процес ќе биде сличен на оној во „Perfect Day“, но бидејќи неговиот тим развил поедноставен начин на изолација на млечни протеини од микроорганизмите, полесно ќе биде да се зголеми обемот на производство. Аферган додава дека за производство на нивното млеко е потребно 10% вода и еден процент од земјиштето што се користи за производство на традиционалното кравјо млеко.
Претставници на ЕУ тврдат дека една од главните цели на нивната зелена стратегија е да се подобри мерењето на емисиите на метан. Нивото на следење моментално се разликува меѓу секторите, државите членки и останатите земји. Со мерките на ниво на ЕУ за подигнување на стандардите на мерење, верификација и известување, Европската комисија ќе поддржи поставување на меѓународна опсерваторија за емисија на метан во партнерство со Програмата на Обединетите нации за заштита на околината, Коалицијата за клима и чист воздух и во соработка со Меѓународната агенција за енергија. Надзорот на емисијата метан ќе се подобри со примена на програмата „Copernicus“, која ќе овозможи полесно откривање на супер нечистотиите и поголемо истекување на метан.
