Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Сијана и Иво ја оставија Софија, заработуваат за живот со органска фарма на село (ФОТО)


Само чиста и здрава почва може да произведе квалитетна  храна, велат основачите на „Блиска фарма“ од селото Негован во Бугарија.

Минатото им звучи како приказна. Млади и исполнети со ведрина, нежност и љубов кон животот – Иво и Сијана одлучиле да основаат мала органска фарма во близина на Софија.

Со љубов кон природата и желба за поквалитетен живот, „Блиска фарма“ постепено се претвора во мисија – да се посветат  на  одгледување и производство на квалитетна, сезонска, чиста и локална храна, истовремено враќајќи го животот, здравјето на почвата и екосистемите. Зад секоја успешна приказна, секогаш има многу труд, упорност, чесност и чисто срце.

Се започна пред 9 години, со раѓањето на нивните ќерки – Ива и Ема и нивниот избор да живеат надвор од градот. Тие сфатиле дека ако сакаат вистинска и квалитетна храна за нив и нивните деца  можат да ја имаат ако  ја одгледуваат во нивниот двор. А потоа,  започнуваат да ги споделуваат своите производи со други луѓе, и се многу среќни поради тоа. Користеле само органски семиња и не ги третирале со никакви хемикалии. Постепено почнале да се  развиваат и прошируваат.

„Двајцата сме од Варна, и кога баравме дом, наместо стан во Софија, застанавме на едно поле во селото Негован. Ние тука си изградивме куќа “, раскажува Иво.

Првично, тие не сакале ништо посебно, започнале сами да одгледуваат зеленчук, и по некое време ова се претворило во многу повеќе од хоби.

Денес, специјалитетот на „Блиска  фарма“ се  малите зелени лиснати растенија, кои растат во текот на целата година – 20 видови на зелени и црвени бејби салати, спанаќ, рукола, кељ, магдонос, цвекло, лиснат синап  и други. Според сезоната и достапноста, произведуваат и разни сорти краставици, репка, тиквички, моркови, шери домати, зачини.  Се овде е празник за сетилата и стигнува многу пресно и свежо до клиентите, кои уживаат во бојата и вкусот.

Само чиста, жива и здрава почва може да произведе квалитетна  и здрава храна.

„Одгледуваме претежно  зелeнолисни растенија, се усовршуваме за  да бидеме добри во тоа“, рече Сијана, која претежно е фокусирана во куќата, во кујната и на социјалните мрежи. Сопругот  Иво, кој е двигател, креатор и извршител на сите работи „од семе до маса“, додава: „Инвестираме за да имаме здрава и квалитетна почва. Самиот факт   што се стремиме  да го одржиме  циклусот на животот што се случува во неа, почвата е способна да ги подхранува и одржува виталните и здрави растенијата.

,,Не се потпираме на експериментални ѓубрива, рстворливи вовода. Ова е конвенционална практика –во неа почвата се однесува како инертна средина, во неа корењата на растенијата едноставно престојуваат и се  хранат онака  како што би се  хранел човекот. Во нашиот случај, работите се побавни, но со гаранција за многу повисок квалитет и природен процес. Тоа е целосно органско земјоделство.

Градината им е подредена како под конец.

За да ја зачува почвата , Иво користи специјални уреди, кои ги избира и нарачува од Европа и Америка, каде што има многу добро развиени мали фарми. Го следи технолошкиот модел и не го користи тракторот!  Сепак,  тоа не значи дека ако работи рачно  дека не користи мотокултиватор со приклучна механизација.

Го прашавме за машината за обработка на земјата, со која многу земјоделци се фалат  дека земјата ја прави многу ситна. Одговорот е дека тоа е најраспространетата алатка во производството на зеленчук, но таа е крајно агресивена кон почвата. После третманот, изгледот е совршен, но по едно наводнување, лабавата, растресита земја е спуштена и срамнета со земја или се формира кора, а кората е знак дека е нарушена  структурата.

Тие работат со алати како старите француски градинари.

„Секој производител ги избира своите методи и алатки за работа. Избравме поволни практики. Ние користиме активно ѓубриво што делува вертикално и бавно, односно земјата не се врти. Ние применуваме алати кои ги користеле  старите француски градинари. На овој начин се работи  само вертикално“.Иво,  ни објаснува дека во земјата има многу микроорганизми, габи, бактерии и црви, навикнати да живеат во мракот на одредена температура и влажност и тој во никој случај не се обидува да го уништи нивното живеалиште.

Ова е местото каде што се релаксираат и медитираат

„ Кога и да е можно, оставаме дел од насадите без да ги собереме плодовите и најчесто сееме мешавина од различни култури – житарки, грав, хељда и друго во зависност од  сезоната. Нив  не ги собираме, туку ги оставаме да се  вградат во почвата. Вака ги хранам микроорганизмите. Целиот овој живот во пракса произведува природни пробиотици што стигнуваат до нас “, објаснува Иво, истакнувајќи дека работата со земја е лекување и релаксирање  слично на медитацијата.

Колку се поголеми црвјата, бубачките и полжавите, толку подобро!

Децата ги знаат сите растенија и немаат никаков страв од ништо – колку се поголеми црвјата, бубачките и полжавите, толку е поинтересно! За нив, работењето во градината е игра и забавно. Децата се поканети, но не се бара да учествуваат за да не има спротивен ефект. Нивните родители веруваат дека децата ретко ги слушаат, но порано или покасно  ќе го следат примерот  кој им го даваат.

Во план им е да ја развиваат и понатаму нивната фарма, каде ќе има повеќе оранжерии и детска фарма. Нивната желба е да произведат чиста храна, да организираат летни кампови и семејни посети на фармата, за  да можат децата да го видат и направат она што го учат во училницата. „ За таа цел ќе ни помогнат: кокошките, кучињата и мачките“, додава Сијана.

Наместо да оставите ѓубре, вежбајте умешност

Велат дека една од професиите на иднината ќе биде собирач на отпад. Но, наместо да оставаме ѓубре, можеме да вежбаме умешност, да купуваме  помалку и да го сортираме отпадот. „Секој ден, луѓето произведуваат тони органско ѓубре. Но, наместо да го вратиме  онаму од каде што потекнува, го фрламе таму каде што не му е место.

Живееме на село и не е важно колкави огромни количини на органски материи се собираат во текот на целата година, што е злато. Тоа се хранливите елементи на почвата. Луѓето ги чистат своите дворови и фрлаат сè во контејнерите за зелен отпад или само во корпите за ѓубре. Ние се обидуваме да не фрлиме, туку да собираме. Кантата  за ѓубре пред домот ни е празена и луѓето што  собираат ѓубре го знаат тоа и ја одминуваат. Сè што може да се рециклира како пластика и стакло, се отстранува во контејнери за одделно собирање.

Се останато  компостираме – отпадоци од овошје и зеленчук, лушпи од јајца, кафе, чај, хартија, картон, остатоци од храна итн. Тоа е жива материја, родена и израсната од земјата нагоре и стигна до градот да служи како храна. Овој отпад не е наш. Тие припаѓаат на земјата и се неопходни. Но, зависи од нас дали ќе се вратат во неа. Не постои ѓубре, туку скапоцена, хранлива  материја која ќе израсне нови производи за нас. Денес, само 2% од овој отпад се враќа во почвата. Останатите 98% одат во депонијата од каде што метан и јаглерод диоксид се испуштаат во атмосферата.

Според официјалните податоци, 30-40% од храната произведена ширум светот никогаш не стигнува до луѓето. Овој удел е уште поголем: 50% од плодовите на овошје и зеленчук. Оваа храна се фрла или губи. Просечен европски граѓанин  годишно фрла 95-115 килограми  храна. Во Африка и Азија оваа количина е  е 6-11 килограми.

Што можем да направиме?

– Да го редуцираме купувањето

– Да компостираме – над 50% од сметот не може да се компостира

-Да ги шириме овие информации

– Да се поддржи обновливото земјоделство

– Да не забораваме дека земјата е  неисцрпен ресурс

Секогаш давајте повеќе отколку што добивате

Законот за рамнотежа бара да дадете онолку колку што земате и секогаш малку повеќе, убедени се  Иво и Сијана. Да дадеме повеќе – ова е смислата на обновливото земјоделство што го практикуваме. Целта е почвата да ја составиме  во подобра состојба отколку што  сме ја затекнале.

Во моментот на конвенционалното земјоделство, работите се следни – извадивме околу еден тон жито, по што испорачуваме уште 500 килограми слама, и буквално враќаме грст гранули. Ова доведува до дренажа на земја.

Добрата вест е дека уништувањето и осиромашувањето на почвата се обратни процеси. Значи, она што можеби сме  го сториле во последните сто години може да се поправи, време е да се преземат мерки и навреме да се свртиме кон поекономични методи.

www.blizkataferma.com





















Ное 24, 2019agrotim2
Кој може да биде корисник на Мерка 3 од најавениот повик ИПАРДМладите истражувачи поддржани од ФИТР изработија беспилотно летало со примена во земјоделство и шумарство

Напишете коментар Откажи одговор

24/11/2019 Предлог бизнис1,938

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019