Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Кој може да биде корисник на Мерка 3 од најавениот повик ИПАРД


Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Кој може да биде корисник:

Следните типови на баратели можат да аплицираат и да користат поддршка во рамките на оваа мерка:

  • Правни лица кои се регистрирани во Централниот регистар како правни лица согласно Законот за трговските друштва, и кои вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра, и / или годишен биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра што одговара на сегашната дефиниција за мали и средни претпријатија (МСП) која е содржана во Препораката на Комисијата 2003/361 / ЕЗ.

Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ може да ја превземете од следниот линк:

https://eur- lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=OJ:L:2003:124:0036:0041:en:PDF

При пресметување на големината на претпријатието, согласно препораката, се земаат во предвид и поврзаните субјекти на правното лице барател.

  • Претпријатијата кои не се опфатени со дефиницијата за МСП, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 милиони евра, исто така може да бидат прифатливи , но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции наменети да го направат целиото претпријатие во согласност со релевантните стандарди на ЕУ. Проценка на големината на корисниците се врши од страна на ИПАРД Агенцијата.
  • Задруги кои се регистрирани во Централниот регистар во согласност со Законот за задруги и првенствено се занимаваат со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и / или услуги директно поврзани со земјоделски активности.
Големина на барател:Број на вработениГодишен приход (обрт) илиБиланс на состојба
Мало претпријатие<50≤ 10 милиони евра≤10 милиони евра
Средно претпријатие<250≤ 50 милионии евра≤ 43 милиони евра
Големо претпријатие<750< 200 милиони евра

Новоформираните претпријатија ќе се оценуваат врз основа на очекувана големина како што е предложено во деловниот план.

Потребните податоци врз основа на кои може да се утврди големината на правниот субјект се добиваат од документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА” издаден од Централен Регистар на Република Македонија.

За јавниот повик 01/2018 за утврдување на големината на барателите ќе се користат податоци од документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2017 ГОДИНА” кој АФПЗРР го прибавува по службена должност од Централниот Регистар на Република Македонија, како и податоците од депозитaрот на хартии од вредност преку потврда за поседување на акции која ја доставува барателот.

Сепак, со цел за подобро покривање на инвестициската поддршка и разграничување помеѓу корисниците од различните мерки во рамките на оваа Програма, крајните корисници ќе подлежаат на следниве ограничувања:

  • Поддршка не може да се додели на претпријатијата застапувани од страна на правни лица, во случај нивниот капитал да содржи капитал на јавен орган или органи или од страна на државата на повеќе од 25%.
  • Правните лица рангирани како микро претпријатија според Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ не се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка.
  • Правни лица – претпријатија кај кои производната линија е одобрена за извоз во ЕУ имаат право на помош само во инвестиции во други производствени линии (дел на претпријатието). Проверката на овој критериум ќе се врши по службена должност, со добивање на регистар на правни субјекти регистрирани за извоз во ЕУ издаден од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
  • Инвестициска поддршка за обновливите извори на енергија (биомаса, ветер, соларна, хидро, и од примарна и секундарна биомаса, опфатени со Анекс I на Договорот), со капацитет на производство кое ја надминува годишната сопствена потрошувачка на корисникот, не се дозволени според оваа мерка.
  • Сите информации околу Мерка 3 од најавениот повик ИПАРД ги имате на следниот линк
Ное 24, 2019agrotim1
(ВИДЕО) Јапонска мушмула- дрво што цвета во јануари и дава многу вкусни плодови, го има и кај насСијана и Иво ја оставија Софија, заработуваат за живот со органска фарма на село (ФОТО)

Напишете коментар Откажи одговор

24/11/2019 Фондовибизнис план, Ипард, корисник, мерка 3, пари, фондови2,140

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019