Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трговците децидни: Сега да се направат анализи на овие јаболка што ќе одат за Русија, нема да најдат ниту една бубачка на 20 тони пратка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трговците децидни: Сега да се направат анализи на овие јаболка што ќе одат за Русија, нема да најдат ниту една бубачка на 20 тони пратка
Агровести

Трговците децидни: Сега да се направат анализи на овие јаболка што ќе одат за Русија, нема да најдат ниту една бубачка на 20 тони пратка

Објавено 30/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трговците извозници на јаболка од Преспа, се зачудени од реакцијата на Русија за привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија од 1 декември, поради откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката со потекло од нашата земја.

-Бубачката што е најдена во неколку камиони на почетокот на пласманот е најдена во сезона на берење, кога директно се пакуваше. Проблемот е пред 20 дена и повеќе, има наезда точно, но ја има во цела Европа, ја има и во Србија и во другите земји. Зошто е ставена забраната само за нас, не знаеме – изјави за Агротим, Агрон Реџепи од компанијата Матрикс Груп.

Тој посочува дека вакват појава имало и претходно и досега немало ваков проблем кој сериозно ќе го наруши пласманот на јаболката.

-Забраната ќе направи голем проблем, количината што оди за рускиот пазар беше една добра бројка, тоа се прекинува сега, Бугарија слабо купува, романскиот пазар е слаб, нема алтернативен пазар и се плашам дека ќе се случи колапс, ќе влијае многу негативно за Преспа. Да се надеваме дека како што велат е времена забрана, но до кога ќе трае, никој не знае. Забраната започна од пред два дена. Запрено е сè и нашето Министерство и фитосанитарниот инспекторат не издаваат веќе дозволи – вели Реџепи.

Според неговата изјава, тој гарантира дека сега да се направат анализи на јаболката што ќе одат на рускиот пазар, нема да се најде ниту една бубачка.

-Сто процентни гарантирам дека сега да се направат анализи на овие јаболка што ќе одат за Русија, нема да најдат ниту една бубачка на 20 тони пратка. Дополнително, не се работи за некоја отровна бубачка за јаболкото како производ, влијае на приносите, но не влијае штетно врз здравјето на луѓето. Навистина не знам зошто така процениле да стават забрана – вели Агрон Реџепи, производител и трговец на преспански јаболка.

Од 1 декември Русија воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија поради откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:јаболкарусија
Претходен напис Министерот Николовски ќе се сретне со косовскиот колега Фатон Пеци
Следен напис Исплатени финансиски средства од Интервентен фонд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?