Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Исплатени финансиски средства од Интервентен фонд


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи и финансиска поддршка за произведена и предадена слива .
-Исплатени се 41.691.315,00 денари кон 1.630 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година.
Корисници на оваа подмерка се регистрираните земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка и истата ја имаат предадено на регистрираните откупувачи запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ, и тоа за максимална предадена количина на зелка од 30.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм произведена и продадена зелка.

-Исплатени се 13.329.398,00 денари кон 478 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година .
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат овошен насад од слива и истата ја имаат предадено на регистрирани откупувачи запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ , и тоа за максимална предадена количина на сливи од 17.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува 2 денари по килограм , а во месец септември изнесува 4 денари по килограм.

Грижата за земјоделците останува во нашиот фокус, а крајната цел е зголемено домашно земјоделско производство. – истакна директорот Бачовски.

Ное 30, 2022agrotim3
Трговците децидни: Сега да се направат анализи на овие јаболка што ќе одат за Русија, нема да најдат ниту една бубачка на 20 тони праткаАфлатоксини - Концентрацијата на токсините во сирењето може да биде неколкупати поголема отколку во млекото од кое се прави

Напишете коментар Откажи одговор

30/11/2022 Фондовиинтервентен фонд3,108

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019