Лозовите насади можат да се садат на есен или на проплет. Се препорачува во есен да се садат во места со медитеранска клима каде што има благи зими , додека онаму каде што има континентална клима садењето треба да се направи во пролет, и тоа од крајот на март па се до крајот на мај.
Лозовиот насад е повеќегодишна култура и при подигнување на нови насади со подготвителни работи треба да се создадат поволни услови за развој на корените и на стеблата.
Најдобро е, нов лозов насад да се подигни на ридест терен од јужната, југоисточната или југозападната страна бидејќи така лозниците ќе го добијат потребното сонце.
Може да се сади во есен или во пролет. Садењето во есен се препорачува за метидеранските региони каде што преовладува блага зима, додека во континенталните предели треба да се сади во пролет и тоа од крајот на март до крајот на мај.
Подготвителни работи- обработувње на почвата
Лозовите насади често се подигнуваат на терени каде што предходно имло овоштарник или некој друг лозов насад. На таквите површини најпрво треба да се отстранат старите стебла , коровот и сл.
Кај старите насади често се раширени вирусни болести па затоа покрај отстранувањето на старите стебла почвата ќе мора да мирува најмалку 6 години или пак мора да се направи дезинфекција.
Длабокото орање е многу важно бидејќи со него созаваме поволни услови за побрз развој на младите садниците во почетокот. Кога се планира лозовиот насад на се подигне во пролет тогаш длабокото орање треба да се направи во касна есен, пред почетокот на зимата и појаките мразеви.Длабочината на орањето изнесува 60 сантиметри а некаде може да биде и 100 сантиметри. Тоа пред се зависи од својствата на почвата. Ваквото орање се парви со трактори кои имаат поголема моќност и тоа од 90 до 150 KW.
Покрај длабокото орање потребно е да се направи и мелиоративно ѓубрење. Целта на ова прихранување е да се збогати почвата со хранливи залихи кои ќе помогнат за раст и развој на лозовите насади и постигнување на поголеми приноси.
Пред садењето кога почвата доволно ќе се исуши се прави танирање, а потоа фино рамнење . Со тоа се завршени основните подотвителни работи.
Припрема на лозовите садници
Подигање на нов лозов насад не може да се наптави без добро припремени лозови садници. Првенствено треба да се користи саден материјал со висок квалитет поточно со добро развиен коренов систем и добро сраснати спојни делови.
Одбирање на насоката и растојанито помеѓу садниците
Насоката на редовите зависи од конфигурацијата на теренот и еколошките услови на полоѓбата. Општо може да се каже дека во северните краишта поволна насока за формирање на редовите е север југ , поради подобро осветлување, а во јужните краишта каде што има поголем број на сончеви сати, насоката на редовите и не е толку важна.
Растојанието помеѓу садниците зависи од механизацијата која ќе се користи за обработка, од сортата што ќе се одгледува и од косината на теренот. За мали тректори растојанието помеѓу редовите треба да биде од 1,2 до 2,2 метри и тоа пред се зависи од спецификите на поедини вински региони. Во внатрешноста на редот растојанието треба да биде од 0,7 – 1,2 метри. За поголеми трактори растојанието се движи од 2,4 – 3,0 метри помеѓу редовите и од 0,9-1,0 метри во редот.
Поставување на колци во лозјето
Теренот најпрво треба да се исколчи , а потоа да се сади. Со исколчувањето се одредува растојанието помеѓу редовите и растојанието во самиот ред. Колку подобро ќе ги поставиме колците за планираното лозје толку порамномерно ќе биде растојанието. За одгледување на винова лоза во вид на завеса потребно е прво да се постават столбови.
Садење
Пред да се поседат лозовите садници потребно е да се скратат корените кои се оштетени. Пожелно е садниците 24 часа пред садењето да се натопат во вода.
Непосредно пред садењето садниците некое времетреба да се држат во каша направна од вода, земја и свежо кравјо шталско ѓубриво и тоа во размер 1:1:1. Се сади кога времето е убаво и топло.
Садењето може да се направи рачно и тоа со копање на дупки, со помош на хидро системи и со машинско садење во редови. Длабочината при садењето ја одредува висината на спојното место кое треба да биде 5-10 сантиметри над висината на земјата.
Од папците на штотуки насаденоит лозов насад започнуваат да се развиваат новите ластари. Најчесто почнуваат да растат по повеќе ластари но се оставаат 1-2 и тие се врзуваат за колците во облик на осумка и тоа се прави кога ластарите ќе бидат околу 20 сантиметри. Со редовна обработка на почвата се уништуваат коровит, а во случај на суша се интервенира со наводнување.
Извор :Агроклуб