Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СВР Тетово со апел до земјоделците да не палат огнови при расчитување на нивите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СВР Тетово со апел до земјоделците да не палат огнови при расчитување на нивите
Агровести

СВР Тетово со апел до земјоделците да не палат огнови при расчитување на нивите

Објавено 07/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тетовската полиција испрати апел до земјоделците да не палат огнови при расчитувањето на нивите со оглед на интензивирањето на работењето на нивите во пресрет на пролетната сеидба. Исто така, им се укажува и на крајна внимателност кога се движат со механизацијата, истата да биде технички исправна и да ја управуваат исклучиво лица со потребните дозволи за тоа.

Со затоплувањето на времето и во поширокиот Полошки регион ќе се интензивираат земјоделските активности на нивите, па поради тоа Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сите кои деновиве ќе работат на земјоделските површини или од најразлични причини ќе се движат на отворен простор да не палат огнови. Ова, посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба, кои ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите, а огнот без контрола брзо се шири, особено кога времето е ветровито, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици.

Инаку земјоделците доколку имаат нива надвор од местото на живеење треба да издават дозвола за движење, додека не им треба на оние кои имаат површини во атарот на селата. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Апел до земјоделцитеДа не се палат огновиСВР Тетово
Претходен напис Подигнување на нов лозов насад: Добро припремете ја почвата и лозовите садници
Следен напис МЗШВ: До 30-ти април е продоложен рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?