Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одобрени 200 милиони евра за промоција на ЕУ производи на внатрешен и надворешен пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Одобрени 200 милиони евра за промоција на ЕУ производи на внатрешен и надворешен пазар
Пазари

Одобрени 200 милиони евра за промоција на ЕУ производи на внатрешен и надворешен пазар

Последна измена: 01/11/2019 01:43
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Европската комисија и Агенцијата за потрошувачи, здравство земјоделство и храна во ЕУ(CHAFEA) одобрија 81 кампања за промоција на земјоделско –прехрамбени производи во ЕУ и надвор од ЕУ, за наредните 3 години. Избраните кампањи ќе се финансираат од вкупниот земјоделски буџет на ЕУ вреден 200 милиони евра.

 Повереникот за земјоделство и рурален развој Фил Хоган рече:,,Европските земјоделско- прехрамбени производи се познати  ширум светот по својот квалитет и автентичност. Во тоа можев и сам да се уверам при посетите на неколку земји во светот, како што се Кина, Јапонија, Индонезија, Мексико или Колумбија во друштво на земјоделски производители од Европската унија. Европската комисија ја поддржува нивната напорна работа со промоција и со одржување на добра репутација на глобално ниво.,,

Целта е промоција на земјоделските производители

Програмите за промоција имаат за цел со помош на производителите да комуницираат за квалитетот на своите производи, да ги афирмираат внатре во ЕУ, како и да ги шират постоечките и да отвораат нови пазари. Се фокусираат на многубројните приоритети, како што се истакнување на квалитетот на европската храна со географски ознаки или со еколошко производтство.

Од одобрените 81 кампањи, 55 таргетирани земји се надвор од ЕУ, како што се Бразил, Кина, Мексико и Индија. Овој проект ќе опфати широк спектар на производи како што се млеко, маслинки, овошје и зеленчук. Така на пример секторот овошје и зеленчук ќе има 16 наменски програми додека сирењето и млечните производи ќе имаат осум. Оваа година избраните проекти доаѓаат од кандидатите на 19 држави членки.

Половина од буџетот оди за промоција

Таканаречените едноставни промотивни програми претставуваат половина од издвоениот буџет за политика на промоција. Останатите 100 милиони евра наменети се за мулти-програмите (90,5 милиони евра) и за составни инвестиции на Комисијата (9,5 милиони евра).

За сите промотивни програми, одговорен е широк спектар на организации, како што се трговски организации, организации на производители и земјоделско-прехрамбени тела. Сите заинтересирани можеа да се пријават по пат на повикот за поднесување на проектен предлог кој е објавен во  јануари 2019 година.После натпреварот, оценети и рангирани се од страна на CHAFEA, со помош на надворешни стручњаци.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Трипуновски: Нулта толеранција за злоупотреба на европски пари во земјоделството
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите
Промоција на Етичкиот кодекс на групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Таг:еупазарипромоцијасредствафондови
Претходен напис Земјоделците да ги подигнат картичките „зелена нафта“ од подрачните единици на МЗШВ
Следен напис Договорно производство на сончоглед- успешно завршен проект кој годинава им донесе заработка на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?