Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промоција на новата зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промоција на новата зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв
Агровести

Промоција на новата зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв

Објавено 28/10/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новопоставената маркација на зимската планинарска патека од Попова Шапка до Титов Врв ќе биде промовирана денеска на Попова Шапка во рамки на Славков-проектот „Маркација на планинарски патеки во Северна Македонија“.

Проектот е финансиран од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, а го спроведуваат Планинарската федерација на Северна Македонија и организацијата Одржливи авантуристички патувања – Скопје.

На промоцијата е најавено присуство на амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка, градоначалниците на Тетово и Боговиње, претставници на Министерството за култура и туризам, Националниот парк „Шар Планина“ и други институции и организации вклучени во реализацијата на проектот.

По официјалниот дел ќе биде организирана планинарска тура низ пределите на Шар Планина, од Церипашина до врвот Антени на 2.530 метри надморска височина.

- Реклама -
Ad image

На настанот ќе присуствува и познатиот чешки алпинист и добитник на престижната награда „Пиолет д’Ор“, Марек Холечек, кој престојува во земјава како специјален гостин на Фестивалот на планински филм ЕХО.

Промоцијата ќе почне во 9 часот кај информативната табла во близина на хотелот „Скардус“ на Попова Шапка, а претставниците на медиумите ќе имаат можност да проследат изјави и да снимат видеоматеријали од настанот. 

МИА

Може да ви се допадне

Конференција за дигитализација на противпожарната заштита
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, од денес изменет режим на автопатот Кичево – Охрид
Падна првиот октомвриски снег
Мерка 3 од ИПАРД: ГРАНТ до 1.500 000 евра за винската, месната, млечната, мелничката и целокупната преработувачка индустрија
ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026: технологии, енергетика и недвижности на едно место од 29 до 31 октомври во Скопје
Таг:зимска маркацијаПопова шапкапромоцијаТитов Врв
Претходен напис Сообраќајот низ државата се одвива непречено, од денес изменет режим на автопатот Кичево – Охрид
Следен напис Конференција за дигитализација на противпожарната заштита
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?