Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ постигна договор за забрзување на издавањето дозволи за проекти за обновлива енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ постигна договор за забрзување на издавањето дозволи за проекти за обновлива енергија
Агровести

ЕУ постигна договор за забрзување на издавањето дозволи за проекти за обновлива енергија

Објавено 18/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Советот на ЕУ денеска објави дека постигнал привремен договор со Европскиот парламент за забрзување на издавањето дозволи за проекти за обновлива енергија, електрични мрежи и капацитети за складирање енергија, со цел да се намалат повеќегодишните одложувања.

Земјите од ЕУ инвестираа многу во поевтини обновливи извори на енергија, но надградбите и проширувањето на мрежата не го следеа темпото, што доведе до ограничено производство на енергија од ветер и сончева енергија, трошење енергија и повисоки трошоци за енергија.

Според ревидираните правила, земјите-членки можат да го забрзаат спроведувањето на проектите за обновлива енергија и развојот на електричните мрежи со тоа што ќе ги прогласат тие проекти за прашање од највисок јавен интерес.

Според Советот, овој договор е дел од европскиот пакет за енергетски мрежи, презентиран на крајот на 2025 година, чија цел е да се модернизира и прошири европската енергетска инфраструктура и да се поддржи транзицијата на Унијата кон климатска неутралност.

- Реклама -
Ad image

Советот објави дека директивата за издавање дозволи ги менува директивите за обновливи извори на енергија, пазарот на електрична енергија и пазарот на гас.

Договорот сè уште мора да добие официјално одобрение од двете страни за да стане закон, по што земјите-членки ќе имаат една и пол година да го вклучат во националното законодавство.

МИА

Може да ви се допадне

Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје намалени за 8,8 проценти
Вкупно 22 пријави на повикот за финансиска поддршка за жени земјоделки од Кавадарци и Неготино 
Производството на шумски сортименти во државните шуми зголемено за 4,8 проценти
Без струја повеќе делови од Скопје
Суштината на холистичкиот пристап кон управувањето со пожари на ниво на предел
Таг:договореуобновлива енергија
Претходен напис Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје намалени за 8,8 проценти
Следен напис Променливо, но топло време до крајот на неделава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?