Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Договорно производство на сончоглед- успешно завршен проект кој годинава им донесе заработка на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Договорно производство на сончоглед- успешно завршен проект кој годинава им донесе заработка на земјоделците
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Договорно производство на сончоглед- успешно завршен проект кој годинава им донесе заработка на земјоделците

Објавено 01/11/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проблемот  со пласманот на земјоделските производи најлесно се надминува со поголем развој на договорното производство со што земјоделците имаат сигурен пласман а со тоа и сигурна заработка.

Ваква шанса нуди нашиот најголем преработувач на сончоглед, фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес. Капацитетот за преработка е 40 000 тони, а со тоа можноста за склучување договори со производителите е голема и треба да се искористи. На тој начин ќе се намали и одливот на девизи од државата, што е важно за намалување на трговскиот дефицит но и за граѓаните кои ќе користат масло од домашна и проверена суровина.

Од оваа година, МЗШВ имајќи ја предвид ваквата ситуација, ги зголеми субвенциите на 400 евра од хектар за земјоделци кои ќе насеат до 20 ха, а услов беше да се произведе минимум 1500 килограми од хектар.

Искуството на земјоделците со договорното производство е одлично и мотив за зголемување на површините следната пролет.

„Задоволни сме со договорното производство, како планиравме така и излезе на крајот. Имавме висок  принос, а  сончогледот го предадовме во фабриката „Благој Ѓорев“. Јас сум посебно благодарен на соработката со фабриката бидејќи ми дадоа добра цена, а и исплатата е навреме. Ги охрабрувам и другите земјоделци за да немаат проблем со пласманот да насеат сончоглед. Високи се субвенциите и се исплати ова производство“- вели Митат Исмаиловски од Будаково.

Со оглед дека фабриката „Благој Ѓорев“ има доволно капацитет за преработка добро е и другите земјоделци да го слушнат искуството на земјоделците кои имаа склучено договор со фабриката од оваа година и да размислат дали да остават површини кои на пролет ќе ги насеат со сончоглед.

„Ние сме отворени за соработка со земјоделците, колку ќе насеат, толку ќе откупиме и платиме. Имаме капацитет за преработка и среќни сме доколку за производство на маслото користиме домашен сончоглед. Годинава откупивме над 6000 тони сончоглед по 17,50 денари за килограм, што е значително повеќе од лани кога откупивме 2800 тони домашен сончоглед. Ова беше благодарение на заедничката соработка со Владата која иницираше поголем развој на договорното производство и мотивирање на земјоделците со зголемени субвенции“- изјави Горан Лазов, генреален директор на „Благој Ѓорев“- Велес.

Според досегашните временски прилики и сушната есен, се очекува земјоделците да остават површини за пролетната сеидба и уште повеќе да се зголеми домашното производство на сончоглед од реколта 2020 година.

Агротим заедно со Асоцијацијата на производители на сончоглед и раководството на „Благој Ѓорев“ во период што следи максимално ќе се вклучи во кампања за враќање на сончогледот на македонските ниви.

Преку платформата Агротим ќе ве информираме за сите активности поврзани со договорното производство на сончоглед , набавка на квалитетно семе, склучувањето на договорите со „Благој Ѓорев“, ќе го следиме процесот на производство, ќе ви даваме совети за правилно извршување на агротехничките мерки, за да добиете повисоки приноси и подобар квалитет, а со тоа и повисока цена. Исто така ќе ве потсетиме на важноста од земјоделското осигурување, за што државата плаќа 60% од осигурителната полиса.

Може да ви се допадне

Планираната сеидба на сончоглед во Русија е на 10,9 милиони хектари
Белгискиот град Oденар бесплатно ќе дели семе од сончоглед за да го подобри имиџот на „Тоскана на северот“
Сончогледот станува „побезбедна“ опција за земјоделците
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Цената на сончогледот во Украина достигнаа 630 долари/тон
Таг:Благој Ѓоревдоговорно производствопласманпроблемсончоглед
Претходен напис Одобрени 200 милиони евра за промоција на ЕУ производи на внатрешен и надворешен пазар
Следен напис Важно за производителите што имаат земја под концесија: Најдоцна до 31 декември да достават извештај за начинот на користење на земјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?