Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците да ги подигнат картичките „зелена нафта“ од подрачните единици на МЗШВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Земјоделците да ги подигнат картичките „зелена нафта“ од подрачните единици на МЗШВ
Субвенции

Земјоделците да ги подигнат картичките „зелена нафта“ од подрачните единици на МЗШВ

Последна измена: 01/11/2019 01:11
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Од годинава, земјоделците имаат можност да користат 30% поефтина нафта за земјоделското производство преку мерката, популарно наречена „зелена нафта“.

Картичките се дистрибуираат преку подрачните единци на МЗШВ.

Од над 50 000 картички за „зелена нафта“ досега се поделени околу 33 000, што значи дека 17 000 картички сеуште не се подигнати од страна на земјоделците.

Затоа од подрачните единции на министерството за земјоделство ги повикуваат земјоделците да дојдат и да си ги подигнат ваучерите за „зелена нафта“.

Најголем број неподигнати картички има во ПЕ на Гостивар, Тетово, Струга, Гази Баба, Карпош, Кисела Вода…

Упатство за користење на безготовинска картичка за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација

  1. Безготовинската картичка е наменате за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на РСМ.
  2. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи.
  3. Картичката заедно со ПИН кодот (кој е таен), упатството за користење на истата и решението за одобрена финансиска поддршка се подигнува во подрачната единица на Министерството за земјоделството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
  4. Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот чии име и презиме и дата на раѓање е испечатено на картичката.
  5. Корисникот е должен да се грижи за картичката и тајниот ПИН код.
  6. Евентуалното губење или кражба на картичката или пин кодот корисникот треба да го пријави на следените телефонски броеви: 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часот или на следната меил адреса:  [email protected]
  7. За реиздавање на картичката корисникот ќе треба да уплати 200,00 денари, додека за изгубен/заборавен ПИН 50,00 денари. Пријавата може да ја направи на тел.бр 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часотили на следната меил адреса:  [email protected]
  8. При првото полнење гориво со картичката корисникот ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ЈА ПРОВЕРИ состојбата на картичката и истата да ја спореди со износот на одобената финансиска поддршка утврдена во решението . Проверката се прави на касата на бензинските станици на Макпетрол АД. Доколку износите од решението и картичката не се истити, корисникот треба да изврши пријава во подрачната единица на министерството од каде што ја подигнал картичката.

Во случај кога целиот износ на картичката нема да се потроши при првото полнење на гориво, при секое следно полнење задолжително корисникот претходно треба да го провери расположивиот износ и во рамки на тој износ да наполни гориво.

Доколку наточениот износ на гориво го надминува расположивиот износ на картичката, разликата ја доплаќа корисникот од сопствени средства.

  • Плаќањето на горивото со картичката се прави откако ќе се заврши точењето. Корисникот пристапува кон касата на бнзинската станица каде јасно кажува дека ќе плаќа со картичка со пин код наменета за зелена нафта.

Ја става картичката во читачот, и по звучниот сигнал го внесува ПИН кодот. По извршеното плаќање на корисникот ќе му биде издадена фискална сметка, заедно со интерна сметка од точењето на горивото.

На самата интерна сметка корисникот ќе може да го прочита преостанатиот лимит на картичката.

Може да ви се допадне

Исплатени субвенции за обележани женски грла говеда
На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
МЗШВ: Јавната расправа по Предлог-законот за земјоделство и рурален развој ќе се одржи на 12 јуни 2025 година
Таг:горивозелена нафтакорисникмзшвсубвенции
Претходен напис Произведете органски бадем, цената достигнува 13 евра за килограм
Следен напис Одобрени 200 милиони евра за промоција на ЕУ производи на внатрешен и надворешен пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?