
Произведувајте здрава храна за себе, не зависете од другите! Сега можете да видите колку е важно да се обработува сопствено парче земја – ќе се чувствувате далеку побезбедно и поздраво. Кој знае што нè чека, можеби она што се случува е само опомена, вели славниот фотограф и се повеќе познат земјоделец, Марио Ромулиќ.

Марио Ромулиќ е професионален фотограф kој се занимава со видео и фото продукција, а воедно има и свое земјоделско стопанство на кое се повеќе му се посветува. “Уживам во земјоделството и посакувам да биде мојот главен извор на приход наскоро. Во моментов, тоа сепак е претежно трошок затоа што бара постојано инвестирање. Произведуваме претежно зеленчук, а основниот мотив уште од самиот почеток беше моето семејство да живее здраво“, вели Марио, кој вишокот зеленчук го преработува или го дели со пријателите, а мали количини и продава.
Одлуката да се фокусираме на здраво производство на храна делува како видовитост во моментов.

Најсреќен би бил кога би профункционирала стоковата размена, но само под услов сите да произведуваат здрава храна. “Размената на стоки има смисла ако произведите што ќе се разменуваат се со ист и многу висок висок квалитет. Ние сме фокусирани на органско земјоделство, сè што произведуваме е органско –раскажува Марио тој, додавајќи дека годинава сакал да започне со обработка на еден дел од градината по принципот на биодинамика. Имал договорена средба со Хрвоје Новосел, практичар од областа на биодинамиката, но сегашната состојба со пандемијата ги стопира нивните планови.

“Одлуката да се фокусираме на здраво производство на храна во моментов изгледа како да сум бил видовит. Нашиот план е да бидеме самостојни. Имаме свои домашни јајца, а наскоро ќе имаме и риби во нашиот рибник, така да повеќе не сме загрижени за иднината. Би сакал и другите луѓе да почнат да размислуваат на тој начин “, вели Марио разгледувајќи ги самоникнатите растенија околу себе.
„Се е употребливо, погледнете го ова глуварче – може да се користи на многу начини, од пржење, па преку правење на сирупи и мед. Нема плевел, секоја билка е корисна. Затоа правиме чаеви и тинктури од коприви, а да не спомнувам колку копривата ја користиме за ѓубриво. Повеќето луѓе сметаат дека гавазот е плевел, но јас дури и го одгледувам! И без да го користам поинаку, секогаш можам да го компостирам, така што ќе служи како храна за други растенија “, објаснува тој.

На сите им посакувам да го пребродат ова тешко време што е можно полесно
Фотографијата е негова доживотна голема љубов. Благодарение на неа, тој патувал низ целиот свет, но потоа решил да се смири, да пушти корени во Барања, во Биље и овде да создаде свој мал рај.
“Жал ми е за луѓето што живеат во станови и сега се во многу незавидна ситуација. Посакувам сите што е можно полесно да го поминат овој тежок период, неодамнешниот земјотрес во Загреб уште повеќе им го отежна живототт на луѓето кои живеат таму. За мене лично ситуацијата со короната беше скоро добредојдена затоа што сега ќе трчав по плажите и ќе фотографирав. Во моментов имам многу непланирано слободно време за себе и за производство на храна за семејството, а по потреба и за други луѓе. Имаме 4 хектари земја што е повеќе од доволно за нас, па доколку има потреба ќе можам да им помогнам и на други луѓе“, забележува Марио, кој собира отпаден растителен материјал, но и измет од домашни животни од соседната фарма. За него е важно да го затвори кругот така што, самиот ќе произведува хумус и ѓубриво за градината, но и семиња и производи за еколошка заштита.


Кај него може да види дури и “ hugelkultur “. Тоа всушност претставува начин на одгледување на растенија посадени на подлога по дока има закопани стари дрвени трупци.За да го овозможи тоа Марио донесол и закопал повеќе од 80 тони сари и трули дрва. Трулото дрво е база што во лето лади а во зима загрева. Попатно акумулира влага и ги храни растенијата. Врз нив става слој од дрвна маса, гранки, ѓубриво, лисја и сите други био-отпадоци и на крај хумус. Откако ќе се засадат растенијата, ги прекрива со трева или слама. Резултатите се фантастични!

Што би им порачал на на луѓето во овие тешки времиња?
„Ако имате можност, одете во природа, берете диви растенија, подгответе го организмот – прочистете се! Има мечкин лук во изобилство, не е тешко да се препознае, копривата е чудесно растение и одличен лек против овој злобен вирус. Доколку можете и сами одгледувајте нешто произведувајте храна. Овие препораки во моментов се малку потешки за спроведување, можеби за многумина и невозможни, но сигурно е време луѓето да ја разберат важноста на овој животен стил, живеејќи во склад со природата. Плодното земјиште и природата ни даваат сè што ни треба,а зависи од нас дали ќе го земеме она што ни се нуди.. Тоа треба да го правиме со огромна почит , затоа што како што ја третираме природата , така таа ќе ни возврати “, посочува тој и нè потсетува на предупредувањата да ја задржиме оддалеченоста едни од други. Обично во природата има доволно простор за секого, да се држиме до пропишаното растојание. “Произведувајте здрава храна за себе, не зависете од другите! Сега е важно да одгледувате на сопствено парче земја – ќе се чувствувате далеку побезбедни и ќе бидете поздрави. Кој знае што нè чека, можеби ова е само предупредување.“се размислувањата на Ромулиќ.
Извор:Агроклуб.рс
Напишете коментар