Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Марјан Митев од „Френки“ инвестира, Орце Црнгаров и други земјоделци произведуваат, пласманот обезбеден, цената договорена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Марјан Митев од „Френки“ инвестира, Орце Црнгаров и други земјоделци произведуваат, пласманот обезбеден, цената договорена
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Марјан Митев од „Френки“ инвестира, Орце Црнгаров и други земјоделци произведуваат, пласманот обезбеден, цената договорена

Објавено 20/10/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во струмичкото село Куклиш, договорното производство на корнишони во модерни пластеници им овозможува на земјоделците посигурен откуп и подобри услови за работа, а на компанијата „Френки“ поквалитетен производ и однапред познати количини за преработка и извоз. Моделот на соработка, кој опфаќа поддршка со расад, опрема и агрономски совети, се темели на заеднички интерес, контрола на производството и доверба меѓу производителите и откупувачот.

Ваквиот пристап и поддршката на сите учесници во вредносниот синџир придонесуваат за негово зајакнување и одржлив развој.

– Сега се наоѓаме во атарот на село Куклиш, Струмичко. Овие две, оранжерии се инвестиција на компанијата „Френки“, каде што имаме договор со земјоделецот за примарно производство од него и откуп кај нас и понатамошна преработка како конзервиран зеленчук којшто ќе се извезува на пазарите каде што имаме направено договори.

На овој начин на соработка се одлучивме поучени од претходните соработки што сме ги имале со нашите кооперанти, каде што се одгледуваше производство на отворено, што е преризично. Освен тоа, не е заштитено.

Со поголеми приноси и најдобро е кога ќе се прави тоа производство во овој тип на пластеници, значи оранжериско производство. Со тоа се стекнуваме со квалитет, пред сè. Производот е заштитен.

Однапред со помош на агрономи и сознанија ги знаеме количините за кои инвестираме, што е голема предност за нас како извозници и производители – вели Марјан Митев од „Френки“, Струмица.

– Со компанијата „Френки“ имаме добра соработка. Тие не само што ни помагаат во откупот, ни помагаат и со расад, опрема и стручни совети од агрономи. Со агрономите редовно го следиме производството. Во овој проект се вклучени тројца земјоделци, и ние си помагаме еден на друг кој како има слободно време. Се организираме и така си ја завршуваме работата полесно – вели земјоделецот Орце Црнгаров од селото Куклиш.

– Нашата, нескромно да изјавам, помош со инвестирањето придонесува тој да ги зголеми неговите приноси, нормално приходите и да се подобрат условите за работа. Со зголемувањето на квалитетот на условите за работа се зголемува и квалитетот на самиот производ каде што ние имаме големи проблеми, особено во земјите во кои извезуваме, каде што се прават контроли, анализи на самите производи, нивниот квалитет. Овде одиме еден чекор напред, нема производство на отворено, ризикот за надворешни влијанија, штетници итн., се исклучува. Предложивме таков начин, фактички, за соработка со во овој случај, тројца земјоделци. Тоа е и за нас експеримент, што докажува дека се оди кон поквалитетно, посигурно производство. Да потенцирам, количините, квантитетот што го произведуваат и што се договара на тој начин го решаваме без да бараме од други места кои ни можеме да ги контролираме, ни да знаеме.

Кај Орце и останатите двајца кооперанти, знаеме кога е каренца, кога се бере, кога се пакува робата. Во кратки црти, тоа е огромна предност, што би сакал и се надевам дека ќе допре до останатите колегите извозници, производители, па и кај самите земојделци. Мора да се подигне нивото на доверба на едни кон други, за да имаме подобри квалитети – вели Митев.

-Пласманот кај компанијата „Френки“ има договорено производство. Колку треба да засадиш, колку тој може да откупи, ако се вклучат и другите компании на овој начин, мислам дека ќе има и резултат. За нас, земјоделците, договорното производство е најдобро, бидејќи имаме сигурен откуп и сигурен квалитет.

Компанијата „Френки“ исто така ни помогна и со пластениците, и се надеваме дека ќе соработуваме и понатаму – вели Црнгаров.

– Без интерес, без заедничка соработка и ќе се навратам и ќе потенцирам доверба пред сè, нема ништо – заклучи Митев.

Активноста се реализира со поддршка од Increasing Market Employability – IME

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари
Нова шанса за откуп на парцелите под зграда со приватизација на државното земјиште
Делови од општините Гази Баба и Илинден без струја
Таг:земјоделциФРЕНКИцена
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?