Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

„Ловец на мраз“- систем со кој хрватот Жељко Ледински ги штити своите овоштарници од пролетниот мраз


Ниските температури повторно им се закануваат на  овоштарниците . Од примерот на Жељко Ледински од Билогори, Хрватска најдобро се гледа како во неговото земјоделско стопанство се справуваат со овој проблем.

Во овој пролетен период не им е лесно на овоштарите. Покрај со пазарните проблеми  во последните десетина години се почеста е појавата на пролетните мразеви и тоа во најосетливата фенофаза.  Оваа година дополнително се соочуваат и со предизвикот околу превентивните мерки за спречување на корона вирусот, но и покрај се овоштарите не седат со скрстени раце.

Жељко Ледински , сопственик на истоименото земјоделско стопанство  кое се наоѓа во Бјеловарско –билогорската општина во Хрватска на социјалните мрежи објави наслов „ Ноќеска  овошките се топлеа“

Имено неговиот т.н  „ловец на мраз“ кој воедно е и домашна изработка, цела ноќ се движел низ неговите овоштарниците со цел да го намали штетното влијание  од ниските температури кои се појавија во фазата на цветање  на овошките.

Најисплатливо е кога не мора да се користи

Во земјоделското стопанство на Жељко имаат 11 хектари овошни насади  – најмногу јаболка, круши, цреши и пред шест години ги набавил овие системи за заштита од мраз. „ Најмногу се исплаќа кога нема да ги користите, што значи дека имало и добри години.“- раскажува низ шала овој овоштар во овој дел на Хрватска кој истовремено долги години е раководител во Хрватски шуми.

Имаат два „ловци “ на мраз кои се поставени на две локации во неговите овоштарници, а ситуацијата ја пратат со помош на термометри и метеостаници, врз основа на чии податоци  ги носат одлуките во врска со мерките и третманите.

„Среќа што сега е минус 1,2 или 3 , па може да се превенира . Само да не се случи да биде -12 степени Целзиусови како што беше пред некоја година“ вели Ледински , но исто тaка и доdава дека силниот ветар им ја отежнува примената на овие машини. Некои овоштари поради тоа престанале и со оросување со вода. Околу тезата дека нема мраз ако е вертовито тој спремно одговара: „Без разлика дали има верет или не кога температурата е ниска ќе има штети кај овошките. Не е важно дали мразот се гледа или не . Ние започнуваме со третман кога ќе видиме дека е 0 степени.“

Овој систем рабати така што го загрева воздухот со плин. За еден сат работа системот троши една боца плин од 35 литри.

 „Тргнуваме во 1 часот ноќе и до седум часот сабајле можеме да работиме со полнење од 6 боци без застанување“ вели Ледински врз основа на досегашните искуства и истакнува дека е најважно да на секои 10 минути тракторот да дојде на иста точка во овоштарникот.

 Имаат влечен ситем модел  FrostHuntera,  а дознаваме и дека постои и нов модел на изведба кој дополнително ќе го олесни движењето помеѓу редовите на насадот.

Дека ништо не му препуштаат на случајноста ни зборува и фактот дека тие дури и побарале помош од Осигурителните компании и  ги осигурале  своите насади.„ Ние овоштарите се организиравме за да ни биде полесно , а дополнително Министерството за земјоделство ни дава 70 % од премијата што многу ни значи“ заклучува за крај  Жељко.

Извор:Агроклуб.рс

Мар 24, 2020agrotim2
Влијание на корона вирусот на ЕУ економија : Европското здружение на земјоделци Copa & Cogeca бара поддршка за земјоделцитеМарио Ромулиќ: Одлуката за производство на здрава храна денес изгледа како да сум бил видовит

Напишете коментар Откажи одговор

24/03/2020 Предлог бизнисЛовец на мраз, овоштарство, пролетен мраз3,856

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019