Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Малата фирма на Даниел Живковиќ од Хрватска изработува монтажни штали


Даниел Живковиќ и неговата екипа подигат  шталата за неколку дена, а целта е таа да може да се  користи децении.

 Поминаа времињата на ѕиданите и скапи штали. Многу пари, многу документација и тропање на многу врати во голем број  државни  институции и сето тоа всушност претставува  голем проблем за секој што сака да се занимава со малку поголемо сточарско производство. Монтажните штали и магацини се распространети во светот веќе подолго време. Неодамна таквата можност се појави и  на овие простори.

Еден првите кои на својата фарма постави монтажна штала е Саша Хорват кој се занимава со одгледување на овци. Покрај одличните француски овци што ги има внимание го привлекува и еден објект во вид на  тунелот каде што се сместени овците. Секако изненадувачки е фактот што го открива Саша  дека овој  објект е изграден од мала приватна компанија која се наоѓа во село во Славонија  кај Долнии Михоjац.

„Не  бев во можност да  да изградам  ѕидан објект. Ова е монтажен објект покриен со фолија, а ваквите објекти се покажаа како многу добри на некои фарми каде траат и околу дваесет години. Ги монтира една фирма од Куќанци за само неколку дена. Ова е убаво и ефикасно и прилично ефтино. Јас го подигнав со свои средства “, вели еден од сточарите во Славонија.

 Даниел Живковиќ од село Куќанци го користи своето знаење за да работи  во своето село и во Славонија. Неговата компанија Еко-пласт плус која ја основал пред три години, и за прв пат изградил штала за овци  која издржува  ветрови, дожд и други непогоди. Хорват вели дека луѓето што работат во фирмата ја кренале шталата за скоро еден ден и  гарантираат дека ќе  трае 20-30 години.  Прво се поставува бетонската подготовка за држачите на столбовите , а кога ќе се стегне бетонот, шталата се крева за еден ден.

 Главна карактеристика е  брзата и лесна монтажа, така што се потребни три работни дена за објект од 300 квадратни метри. Поради својата специфична  конструкција во вид на купола, има голема осветленост. Бочните страните се спуштаат по потреба, во случај на врнежи од дожд и силен ветер,а изолацијата ја спречува кондензацијата во зима, а во лето е спас од силната жештина. „Секој објект е прилагоден според потребите, па така објектот во Клокочевац е прилагоден за потребите на висококвалитетна раса овци “вели Живковиќ.

Таквата штала има тунелна натстрешница која е широка 11,50 метри и долга 24 метри. Должината, висината и ширината може да варираат во зависност од потребата. Висината на шталат во Клокочевац е 4,2 метри, а растојанието меѓу лаковите е два метри. Фолијата е од 200 микрони со зелено-бела боја, а меѓу фолиите има стаклена волна дебела пет сантиметри. Натстрешницата е направена од црни кружни цевки со дијаметар од 28 и 22 милиметри. Арматурната шипка е со дебелина од осум милиметри, а конструкцијата доаѓа во две половини споени во средина со штрафови. Сè почеста задача за тимот од Куќанци е изградбата на оранжерии направени од челични цевки, во кои влегува челична шипка, со што се добива решеткаста издржлива конструкција.

Извор :Агроклуб.рс

Апр 1, 2020agrotim2
АХВ досега спроведе 738 вонредни контролиХраватска: Задругите се иднината на земјоделството, многу луѓе ќе останат без работа и потребно е нивно здружување

Напишете коментар Откажи одговор

01/04/2020 Предлог бизнисДаниел Живковиќ, евтини штали и магацини, монтажни штали, нов начин на правење штали2,002

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019