Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ досега спроведе 738 вонредни контроли
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ досега спроведе 738 вонредни контроли
Агровести

АХВ досега спроведе 738 вонредни контроли

Последна измена: 01/04/2020 13:31
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Седумстотини триесет и осум вонредни контроли, спроведоа инспекторите за храна и официјалните ветеринари во изминатите две недели, во продавници, супер маркети, угостителски објекти и месарници, од стартот на засилените инспекциски контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна да ги спроведува кај операторите со храна, од 16 март годинава.

– Засилените контроли се спроведуваат како дел од активностите  на Агенцијата за намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, во рамки на кои се вршат проверки дали операторите со храна покрај,  основните и посебните услови за производство, дистрибуција и трговија со храна, ги почитуваат и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести, за спроведување на засилената дезинфекција на опремата и транспортните средства и објектите за трговија, со цел намалување на потенцијалната опасност од ширење на корона вирусот – се вели во соопштението од Агенцијата.

Со контролите констатирани се пропусти во поглед на почитување на препораките за заштита од корона вирусот, како и недоследности во однос на општите хигиенски услови и продажба на производи со изминат рок на употреба. Пропусти се утврдени и во редовното водење записи за спроведување на добри хигиенски практики.

За утврдените недоследности, донесени се 32 решенија за нивно отстранување, изречени се 46 мерки едукација и две парични казни.

Агенцијата за храна и ветеринарство им препорачува на бизнис операторите со храна да ги почитуваат донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија за справување со корона вирусот и неодамна објавените препораки од АХВ за безбедно работење во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19.

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот
Зголемен извоз на земјоделски производи за пет отсто, Владата најавува натамошна поддршка
АФПЗРР на 63-та конференција Pantha Rhei
Просечната нето плата во март 44 763  денари
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Таг:ахвВонредни контролихрана
Претходен напис Откупната цена на зелката до 20-ти април – минимум 15 денари за килограм
Следен напис Малата фирма на Даниел Живковиќ од Хрватска изработува монтажни штали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?