Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Храватска: Задругите се иднината на земјоделството, многу луѓе ќе останат без работа и потребно е нивно здружување


Задругите на овие простори потсетуваат на некои минати времиња, но со тоа што  ситуацијата дополнително се влошува во последно време, логично е да се размислува  дека тие ќе бидат основа за поголемо економско производство. Дали сме подготвени за тоа?

 „Оставете  ги кравите откупувањето на млеко во овие околности нема никаква смисла“, се зборовите на еден земјоделец  кој деновиве раскажуваше за состојбата со окупот на млекото во областа Госпиќ. Многумина се вознемирија  од овие зборови  и секако размислуваат како да излеземе од оваа финансиска криза со што е можно помала штета. Кај нас, коронавирусот трае помалку од еден месец, а последиците се веќе видливи на секој чекор.

 Уште пред пандемијата, во некои општини  се појавија проблеми   при откупот на млеко, а оваа состојба уште повеќе ја забрза кризата. Од друга страна, се зголемува стравот во сточарската индустрија. „Рестораните се затворени, хотелите исто така, куповната моќ на луѓето се намалува секој ден, и станува само прашање на денови пред да падне цената на живата мера на телиња“, вака разговараат помеѓу себе сточарите овие денови. Стравот кај луѓето е оправдан, и секој нов ден носи зголемена неизвесност.

Производството на храна стана приоритет

Производството на храна стана приоритет, а ние сме сведоци дека во делови од соседна Босна и Херцеговина луѓето примаат пакети со семиња во вредност од 250 конвертибилни марки со цел што е можно повеќе обработлива површина да се засее со земјоделски култури.

 На почетокот на оваа криза, сите бевме сведоци на недостаток на медицинска опрема, а скоро сите европски држави, за да се заштитат себе си, забранија извоз на истата. Што ќе се случува ако коронавирусот повторно се појави на есен? Дали ќе биде невозможно да се увезува храна, ако ја немаме доволно од сопствено производство?

 Многу работни места исто така се изгубени и многумина ја гледаат својата шанса во земјоделството. Но, како оној кој нема финансиски средства ни механизација да влезе во вакво производство? И во овој случај доаѓаме до нови проблеми. Пласманот на производите е исто така несигурен, при што земјоделските кооперации се јавуваат како единствено можно решение.

Задругите почнаа да се формираат  па се  затвораат .

Во Хрватска и во други соседни земји задругите пред некое време се формираа зради даночни олеснувања при набавка на машини од сосетството, па потоа зарворени. Ако беа зачувани овие задруги, денес, , тие ќе беа основа за нов почеток во земјоделското производство за поширок круг на луѓе кои немаат средства да започнат нешто свое. Задругите на ови простори потсетуваат на некои старите минати времиња, но доколку ситуацијата дополнително се влоши, логично би било да се стремиме кон нив , затоа што  тие ќе бидат основа за поголемо економско производство. Дали сме подготвени за тоа?

Извор:Агроклуб.рс

Апр 1, 2020agrotim2
Малата фирма на Даниел Живковиќ од Хрватска изработува монтажни шталиВо време на епидемија словенечките земјоделци продаваат овошје и зеленчук преку интернет

Напишете коментар Откажи одговор

01/04/2020 Предлог бизнисЗадругите како излез од кризата, Земјодески задруги, Иднина на земјоделството424

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019