Кризата предизвикана од корона вирусот и последиците од неа секојдневно стануваат реалност за сè поголем број на луѓе. Бугарите, слично како и други жители од Источна Европа кои со години живееле во странство, престојувале во различни делови на светот, виделе и доживеале многу нови нешта, сега се принудени да се вратат во својата татковина и во одреден момент од животот да започнат одново.
Некои млади луѓе кои се вратиле од странство започнале да се занимаваат со земјоделство.

Ели Шербан е една од нив. Нејзиниот пат започнал од приморскиот град Варна , па до селото Смин, минува низ грчкиот остров Родос, егзотичната Азија и сончевата Калифорнија. Сепак, веќе пет години, Ели гази боса во бугарските полињата, поточно на северно крајбрежје на Црното Море, одгледува традиционален зеленчук и експериментира со нетрадиционални сорти, како што е црн грав, за кој таа дури и не знаела дека постои.
„Еден Бразилец оженет со Бугарка ми рече дека секој ден јадат црн грав наместо месо. Тој ми даде малку грав и јас го засадив на мојата нива.Се роди одличен грав. Подоцна добив 200 кг органски црн грав од Германија. Засадив 20 декари. Сега го одгледувам во нашата Добруџа, без никакви хемикалии, и го собирам со рака “, објаснува Ели.

Гравот го продава во двете сопствени продавници во Варна. Тие се еден вид на магацини за храна кои нудат сезонски зеленчук од април до доцна есен, па дури преку цела година. Исто така има и специјално избрани италијански, турски и грчки прехранбени производи.
„Ние, исто така, им нудиме квалитетни прехрамбени производи на бугарските продавачи на мало, како што се сирењата, вината, млекото. Мојата идеја е да ги поддржувам малите бизниси “, вели Ели. Таа е еден од многуте бугарски производители кои, поради ниските откупни цени, бараат решение за свој бизнис.
„Трговците ми ги купуваа дињите од нивата за 30 центи и ги препродаваа за 2 лева. Затоа го купив комбето и сега им продавам директно на потрошувачите. Значи, сега мајка ми и јас сме на нивите, а ќерка ми е во Варна и се занимава со продавниците. И така дињите се собираат од нивите, комбето патува 100 км, стоката стигнува директно до потрошувачите и цената е пристојна – дињи без хемикалии за 1,50 лев, што е добро за сите “, категорична е Ели.
Ели, цел живот работела за себе, ниту еден ден не работела за некој друг. И нејзината деловна интуиција никогаш не ја изневерила – од дизајнот на луксузна детска облека, па изработката на накит до продавницата за ракотворби на грчки остров. Денес таа е земјоделец кој произведува и продава повторно за себе и за своето семејство.

„Имам пријатели низ целиот свет. Со нив работам на уште неколку проекти, имам идеи да увезувам квалитетни турски и грчки производи. Ова е нашата политика – во нашата продавница да продаваме квалитетни, корисни и вредни производи. Размислувам и за тоа како производот што го произведувам да може да се продава во текот на целата година. Затоа одам на саеми во Италија и Турција, ги следам трендовите и фокусирана сум на затворање на циклусот “, вели Ели.
Во меѓувреме, корона вирусниот многу земјоделци ги оттргна од нивната зоната на удобност. Но, Ели е навикната – таа тврди дека го живее целиот свој живот од една криза во друга. Таа дава пример , како две пумпи за наводнување изгореле пред извесно време, што ја осудило на загуба целата нејзина реколта. „Тоа беше трагедија, немавме друг приход. Следната пролет, почнав да продавам преку Интернет и да испорачувам со автобусот до дома. Потоа стекнав толку многу клиенти што до есента успеав да ги продадам сите производи само преку Интернет. На крајот, имаше се повеќе купувачи, па затоа отворив дуќан, а потоа и уште еден. Така, трагедија што ја доживеа моето семејство заради несреќата, ни даде можност да отвориме бизнис што не го ни замислувавме до тогаш. Бидејќи ако сè е добро со вас, не размислувате во која друга насока може да се развивате “, убедена е Ели.
Така е и сега. Вонредната состојба дури и ја зголеми продажбата преку Интернет и преку Фејсбук страницата на Кооперативата за бесплатна храна. Сега тие се вратија во нормала, но производитите се соочуват со друга пречка.Тоа се многуте кражби на нивите. Поради тоа минато лето, Ели спиела во автобусот два месеци. Денес размислува какви култури да започне да произведува.Тие ќе треба да и носат профит но и да не се толку привлечни за крадците.

Предизвиците продолжуваат, но Ели е убедена дека ќе успее бидејќи има поддршка од уште две генерации жени – нејзината 82-годишна мајка Елса и нејзината 23-годишна ќерка Бела. И, последно, но и најважно е нејзината поврзаност со земјата и нејзината амбиција да произведе чиста и здрава храна.
Извор:Агри.бг