Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Славчо Попоски: Го следев невремето во Србија и Косово, облаците се движеа кон нашата држава, не спаси првата успешна акција со засејување на облаците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Славчо Попоски: Го следев невремето во Србија и Косово, облаците се движеа кон нашата држава, не спаси првата успешна акција со засејување на облаците
АгровестиАгропрогноза

Славчо Попоски: Го следев невремето во Србија и Косово, облаците се движеа кон нашата држава, не спаси првата успешна акција со засејување на облаците

Објавено 21/05/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, во текот на попладневните часови од вчерашниот ден (20.05.2020 година), имаа прва  успешна интервенција за спречување на појава на град со новата метода за авионско засејување на градоносните облаци.

По најавата за очекувани временски непогоди поради дестабилизација на временските услови на територијата на нашата држава и во целиот Балкански регион, Управата за хидрометеоролошки работи подготвено и успешно го неутрализираше опасниот ефект од очекуваното невреме.

Невремето го следеше и Славчо Попоски кој за Агротим ја искоментира новата мерка на Владата за засејување на облаците.

-Го следев големото невреме кое го зафати соседно Косово и Србија, облаците се движеа кон нашата држава и тоа во текот на вчерашното попладне. Сепак не спаси првата успешна акција, односно засејувањето на облаците. И покрај доста загреаната атмосфера и исполнета со енергија, сепак токму поради акцијата на УХМР не дојде до некој поголеми штети од појава на град – вели Попоски.

Првото дејство врз градоносни облаци со авионско засејување е изведено во регионот југозападно од Велес, во Општина Чашка каде е дејствувано во 15:50 часот, со четири палки  (400 грама реагенс среберен јодид), врз потенцијално опасен градоносен облак кој после авионското засејување во понатамошниот тек преминал во појава на дожд.

Второто успешно дејство е изведено во регионот западно од Прилеп во Општина Долнени. Таму  е дејствувано двапати, еднаш во 16:03 часот со шест палки и повторно во 16:23 со уште шест палки. Во овој регион имаше појава на град, а по дејствувањето со авионско засејување врз градоносниот облак, во понатамашниот тек е забележана само појава на пороен дожд.

Од УХМР посочуваат дека,  доколку не беше дејствувано во текот на вчерашниот ден, појавата на град ќе беше од многу поголеми размери и штетата ќе беше многу поголема.

https://www.facebook.com/dimkovski.trajan/videos/288635412293737/?v=288635412293737

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:временскаградКосовоштети
Претходен напис (ВИДЕО) Вчера се изврши првото авионско засејувањe врз градоносни облаци, спречена појава на град во повеќе региони
Следен напис Кризата ни ги отвора очите за нови бизнис идеи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?