Од Италија во последните неколку недели ни доаѓаа само лоши вести кои никого не можеа да остават рамнодушен. Затоа е добро да се слушне дека оваа прекрасна медитеранска земја која воедно е и најголем производител на ориз во Европа, оваа житарица и покрај кризата успеа да ја продаде ни помалку ни повеќе туку на Кинезите.
Исто така, многу важно е тоа што, забележан е пораст на консумацијата на овој производ и тоа за време на пандемијата од корона вирусот.

Италијанците произведуваат квалитетен ориз
Имено, оризот, се разбира после тестенините, е ѕвезда на иалијанската гастрономија, особено на северот на земјата. Ова јадење е популарно и кај Кинезите кои поради тоа увезуваат разни сорти на ориз како што се арборио, карнароли, рома и балдо.
– „Тоа е така затоа што нашиот ориз по квалитет е многу подобар од оној кој се одгледува во Кина“, изјавил Стефано Грепи претставник на најголемиот италијански земјоделски синдикат Колдирети, кој уште додал дека за пофалба е договорот кој Италија го склучила во месец април со Кина.
Оваа вест најмногу ги израдувала одгледувачите од Павија, Ломбардија, Верцелија и Новара, кои всушност се региони во кои се одгледува 95% од италијанскиот ориз.
-„ Тоа е како да сме им продале сладолед на Ескимите. На нашиот ориз му се отворени вратите на големите пазари“ , коментирале во Il Corriere della Sera.
Консумацијата на ориз за време на пандемијата пораснала за 47%
На северот на Италија добро успева оризот бидејќи таму има доволно вода потребна за негово одгледување, што не е случај во јужниот дел.
Во земјата има 4200 одгледувачи на ориз, кои одгледуваат околу 200 сорти од од оваа житерица на површина од 220.000 хектари. Иако Италија годишно произведува 1,5 милиони тони ориз, што е повеќе од половина од европското производство, на глобално ниво нашиот континент во производството на ориз учествува со сиромашни 0,4%. Повеќе од 90% од вкупните 500 милиони тони ориз, колку што изнесува годишното производство на оваа житарица во Европа, доаѓаат од Азија.

Но, извозот не е единствената добра вест за овој производ. Во првите шест недели од пандемијата, консумaцијата на ориз на домашниот пазар пораснала за 47%.
Инспирација за песната „Бела чао“
Оваа житарица на северот на Италија за прв пат била донесена од страна на еден римокатолички црковен ред наречен- цистерцити и тоа во 12 век. Одгледувањето на ориз добива голем замав со воведувањето на системот на каналите, кои наводно, ги проектирал славнито Леонардо да Винчи, а подоцна во производството била вклучена и механизација.

Се до 50-тите и 60-тите години на минатиот век луѓето доѓале од југот на Италија за да одгледуваат ориз по долината на реката По, особено жените наречени „ мондини“кои всушност биле сезонски работнички на полињата со ориз. Тешките услови за работа на кои биле изложени, биле инспирација за создавање на песната „Бела чао“, како и филмот „Горчлив ориз“ (Riso Amaro, 1949).
Извор: Агроклуб
