Директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова Лазарева во интервју за Слободен печат ја најави и дополнителна поддршка за оризопроизводителите од осум денари за килограм оризова арпа, поради ниските откупни цени.
-Одлуката е донесена на владина седница, а Агенцијата ги очекува списоците од Државниот инспекторат за земјоделство за потврдување на откупените количества, по што средствата ќе бидат испратени во трезор за исплата.
Станува збор за дополнителна помош, покрај основните субвенции што веќе им се исплатени на оризарите.
Извор – Слободен печат

