Едноставно, домашно јадење кое се подготвува во една тава, а на трпезата носи сè што сакаме – сочно пилешко и ориз. Совршено за семеен ручек кога сакате вкусен оброк без многу комплицирање.
Состојки:
- 2–3 парчиња пилешко месо по желба
- 1 голема главица кромид
- 1 поголем морков
- 1 чешне лук
- 150 г брокули
- 200 г ориз
- 1–1,5 л врела вода
- 1–2 лажици масло
- црн бибер
- сол по вкус
- копар
Подготовка: Пилешкото месо ставете го во посолена вода и варете го додека го подготвувате останатите состојки. Кромидот исечкајте го, морковот на коцки, брокулата на гранчиња, а лукот ситно. Оризот измијте го неколку пати, сè додека водата не стане бистра.
Во тава за печење ставете масло, па ставете ги оризот, брокулите, кромидот, морковот, копарот и лукот. Прелијте со врелиот бујон (што го варевте пилешкото), така што состојките убаво да бидат покриени. Зачинете со сол и црн бибер. Одозгора распоредете го пилешкото месо, претходно зачинето. Печете во загреана рерна на 200 °C, додека оризот се свари, а пилешкото не добие убава, златно-кафеава и крцкава кора. Доколку во текот на печењето оризот ја впие течноста пред да биде целосно сварен, додадете уште малку од водата.
МИА
