Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите ќе добијат по осум денари за килограм арпа, најави Мицкоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите ќе добијат по осум денари за килограм арпа, најави Мицкоски
Агровести

Оризопроизводителите ќе добијат по осум денари за килограм арпа, најави Мицкоски

Објавено 19/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата планира директна финансиска поддршка од околу осум денари за секој килограм предадена оризова арпа, а исплатата се очекува до крајот на годинава. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека дел од средствата се веќе обезбедени, додека преостанатиот дел ќе биде предвиден со ребалансот на буџетот. Поддршката ќе се однесува на предадената оризова арпа во периодот од 1 септември 2025 до 15 септември 2026 година.

-Тоа се отприлика стотина милиони денари што ги обезбедува Владата, кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година, по завршувањето и усвојувањето на ребалансот во Собранието- изјави Мицкоски.

Според најавата, средствата треба да им помогнат на оризопроизводителите во текот на актуелната производствена сезона, а дел од финансиската поддршка ќе се обезбеди преку интервентниот фонд на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Премиерот испрати порака и до компаниите што го откупуваат оризот, барајќи коректен однос кон земјоделците и предупредувајќи дека нема да се толерира евентуално шпекулативно однесување.

-Сакам да упатиме јасна порака и до откупувачите дека треба да се однесуваат фер, како што и Владата се однесува и како што граѓаните и оризопроизводителите се однесуваат фер кон нив, затоа што ова е двонасочна улица. Не би сакале да веруваме во шпекулативно однесување на поединци, затоа што тоа ќе биде ригорозно казнето- рече Мицкоски.

Жетвата на оризот е во тек во неколку општини од Источниот Регион. Според информациите во соопштението, годинава оризопроизводителите имале вода за наводнување на оризовите ниви. Најавената директна поддршка доаѓа во период кога земјоделците се соочуваат со трошоците за производство и потребата од соодветни услови за откуп на родот.

Исплатата на најавените средства се очекува по усвојувањето на ребалансот на буџетот во Собранието, а Владата најавува дека ќе ги следи и состојбите со откупот на оризот.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

Бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот поскапува за два денара
Над 50 хектари зафатени од пожар во Дебрца, спречено ширење кон посеви со пченка и фотонапонска централа
АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
Водата во Скопје безбедна за пиење
Пад на цените на нафтата
Таг:арпамицкоскиоризцена
Претходен напис Повик за појавување на интерес за организирање на саеми од областа на земјоделството и руралниот развој за промоција на производи од територијата на Република Северна Македонија од страна на земјоделски производители 03/2026
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?