Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради КОВИД 19 се олеснуваат административните процедури за поднесување на барања за субвенции за предадено млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Поради КОВИД 19 се олеснуваат административните процедури за поднесување на барања за субвенции за предадено млеко
Субвенции

Поради КОВИД 19 се олеснуваат административните процедури за поднесување на барања за субвенции за предадено млеко

Објавено 18/05/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради состојбата со вирусот КОВИД 19, Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе Уредба за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година.

Со оваа Уредба, се направи измена во поднесувањето на барањата за субвенции за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Конкретно со измената, поднесувањето на барањата за субвенции нема да го вршат сточарите кои ја користат мерката, туку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, податоците ќе ги презема директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко.

Овие измени во делот на поднесувањето на барањата се направени поради состојбата со КОВИД 19, како дел од превентивните мерки, земјоделците да не одат до подрачните единици на МЗШВ и да не се изложуваат на ризик.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Таг:млекопријавувањесубвенциифарма
Претходен напис Наводнување на пиперките
Следен напис Италија успеа да им продаде ориз на Кинезите!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?