Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ерјавец: За успешни преговори со ЕУ ви треба агроелита, најдобрите од оваа област кои нема да ги сменувате
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Ерјавец: За успешни преговори со ЕУ ви треба агроелита, најдобрите од оваа област кои нема да ги сменувате
ЕУ

Ерјавец: За успешни преговори со ЕУ ви треба агроелита, најдобрите од оваа област кои нема да ги сменувате

Објавено 24/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 12-та сесија на Работна група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) на тема: “Меѓу предизвици и можности: Земјоделската политика на Северна Македонија на патот кон пристапувањето во ЕУ” која се одржа во Скопје, учесник беше и познатиот експерт од Словенија, проф д-р Емил Ерјавец кој повеќе од 20 години ја следи состојбата во македонскиот аграр.

Како добар познавач на состојбите во земјоделството во Европа и Македонија, Ерјавец со нескриено разочарување од годините што поминаа, а ние сеуште сме на иста позиција, порача дека нема откажување, процесот мора да продолжи и да финишира со успешни преговори.

„Кога се работи за преговарачкиот тим, ви требаат квалитетни луѓе, професионалци, луѓе кои ќе знаат да разговараат со Брисел. Интеграција е потребна, прво 30 луѓе од врвот на Владата, а потоа мора да се вклучат паметни луѓе, без разлика дали или со каква „боја“ се обоени. И да не се менуваат луѓето кои знаат да преговараат, на кои се научиле во Брисел, мора да има континуитет. Вас ви треба агроелита, најдобрите во оваа област, ако сакате да бидете успешни во овој процес. – рече Ерјавец.

Според него, кај нас има големи професионалци кои можат да го изодат овој пат со успешни преговори. Потребна е поголема интерсекторска соработка, имплементација на Зелената агенда, распределување на соодветни ресурси за програмите и мерките за животна средина и да се продолжат инвестициите во структурните реформи.

– Европа на 25 години менува нова стратегија и сега според најавите се свртува се повеќе кон Биодиверзитетот, зачувување на природата и средината, органско производство, а активистите стануваат се погласни и директни во барањата. Ова не оди во прилог на земјоделскиот сектор затоа што и владите на поголемите земји, тие што одлучуваат во ЕУ ги прифаќаат овие препораки и се повеќе средства се одвојуваат за тие проекти или активности. Затоа е многу важен тимот и луѓе кои ќе знаат да разговараат во Брисел, да се борат за тоа што е важно за вас и земјоделскиот сектор. – изјави Ерјавец.

Може да ви се допадне

ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Европскиот Парламент одлучи веднаш да исплати 75% од директните плаќања
Франција и Италија постигнаа договор: Повеќе пари за Заедничката земјоделска политика
ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините
Таг:агроелитаабриселерјавецеупреговори
Претходен напис Откупна цена од 420 денари за килограм тутун побара Сојузот на тутунски здруженија
Следен напис 5 години АГРОТИМ: Доверба, професионализам и лојалност кон земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?