Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 5 години АГРОТИМ: Доверба, професионализам и лојалност кон земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > 5 години АГРОТИМ: Доверба, професионализам и лојалност кон земјоделците
Агровести

5 години АГРОТИМ: Доверба, професионализам и лојалност кон земјоделците

Последна измена: 26/11/2024 13:33
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Почитувани!

Овој месец прославуваме 5 години од почнувањето со работа на специјализираната платформа за информации од областа на земјоделството и руралниот развој – АГРОТИМ.

Имам чест да Ви ја претставам новата подобрена верзија на АГРОТИМ.мк во која покрај стандардните проекти и активности имаме и нова иницијатива – АгротимПРО.

Се работи за нов проект на Агротим и водечките компании од агрокомплексот со кои заеднички ќе се обидеме да им помогнеме на земјоделците со едукација, организирање на Договорно производство, поддршка преку теренски, директни средби и други активности за приближување на заедничката земјоделска политика на ЕУ на нашите земјоделски производители.

Агрокомплексот мора да добие поголема видливост и гласност. Имаме сериозни земјоделци, професионалци, агробизнисмени кои инвестираат, компании кои вработуваат, го зголемуваат домашното производство на храна, стопанственици кои го заслужуваат статусот на општествено одговорни личности и треба да бидат препознаени во државата.

Пет години поминаа брзо, како и во секој бизнис, помалку или повеќе успешни, но во едно сме сигурни изградивме ДОВЕРБА со земјоделските производители, наши читатели и соработници. За нас лојалноста е најважна и тука компромис не правиме.

Пет години беа како земање залет за патот пред нас. Ве очекуваме со уште поголема соработка, ве повикуваме заеднички да го продолжиме патот до ЕУ и милионските пазари и фондови.

Со почит

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:агротимагротим провестиземјоделципет години
Претходен напис Ерјавец: За успешни преговори со ЕУ ви треба агроелита, најдобрите од оваа област кои нема да ги сменувате
Следен напис (ВИДЕО) Младите се помалку сакаат да се занимаваат со земјоделство, МЗШВ најавува нови мерки за нив
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?