
Ја зголемувате физичката и духовната подготвеност, произведувате храна наместо да гледате во телевизорот и да слушате панични вести. Оваа пандемија можеби ќе нè опамети, вели Дрита Дунатов, чии штанд деновиве се празни веќе во 10 часот.

„Секое зло за добро, па така и коронавирусот. Можеби ќе нè освести и конечно ќе започнеме со производство на храна“, вели Дрита Дунатов, сопственик на земјоделско стопанство од приградската населба Дикла во Задар. „Имаме одлични услови, повеќе од еден милион хектари необработена земја, а тоа што се обработува во голема мера не се наводнува“. Таа вели дека Хрватска може да извезува храна,а всушност увезува повеќе од 50 % од зеленчукот и овошјето, и уште повеќе млеко, млечни производи и месо…
Страв поради недостаток на храна
„Требаше да дојдите порано изутринава па да видите колкав беше редот пред киоскот за кокошки“.
“Без оглед на убедувањето на политичарите и кризните службеници дека има доволно храна, дека нема да има проблем со снабдувањето, луѓето сепак се плашат, тие веќе не му веруваат на никој. Зошто? Затоа што тие знаат дека ние немаме свое производство и дека голем дел од храната се увезува. Тие мислат, ако се затворат границите, ќе бидат гладни “, вели Дрита, која што продаваше на штандот , на кој веќе во 10 часот немаше ништо. Се продаде блитвата, празот, магдоносот, ротквицата, печурките и брокулата.
“Продадов сè што донесов “, вели Дрита. Таа сака нејзините муштерии да го планираат ручекот според понудата на нејзиниот штанд. Тие исто така знаат дека растенијата се здрави. “Ги третирам растенијата со средства за прихрана но тоа го правам минимално. Од коров ги штитам само со мотика“,објаснува духовито Дрита Дунатов, бидејќи успева да одгледува толку многу зеленчук без употреба на хемија.
Најдобра превентива против корона вирусот
Нејзината парола е : „Што е во мојата нива тоа е и на мојата тезга“ не продава ништо што не е нејзино производство.

“Сега е време за садење на зеленчук па многу повеќе време поминувам во градината. Рабоатата во природа без контакти со многу луѓе, е најдобрата превенција против корана вирусот. Ја зголемувате физичката и духовната подготвеност, произведувате храна наместо да гледате во телевизорот и да слушате панични вести“, продолжи да раскажува Дрита која токму тој ден садеше компири на површина од 2000 метри квадратни. Работеше од утро до мрак, полни 12 часа. Исто така и во предходните денови садеше брокула , зелка, кељ, 15 сорти на салата, спанаќ, морков, цвекло, ротквици ….


Доби отказ од работа па за време на војната почна да произведува зеленчук
Не е незадоволна , но сепак не крие дека целата оваа ситуација подсеќа на деновите пред Граѓанската војна „Тогаш како и сега ми се чинеше дека сонувам и дека тоа не се случува тука кај нас. И тогаш стравував и ја чекав онаа вистинската граната која ќе падне на нашиот град, и така од ден во ден од непријатност во непријатност.“гласно размислува Дрита. Пред војната таа остана без работа, со две мали деца, со штотуку родениот син Марин и трогодишната ќерка Петра.
Сопругот Дамир како доброволец заминал на боиште. Единствен приход им била неговата тогашна плата од 100 германски марки, што секако не била доволно ни за најосновните потреби, леб , млеко, па така донесле одлука да започнат да се занимаваат со земјоделство.

На 1000 метри квадратни , 17 кососпственици
Во Дикла на имотот од нејзиниот дедо, без претходно искуство, алати и неопходно знаење, тие ја исчистија земјата и почнаа да произведуваат зеленчук и тоа на земјата што 40 години претходно била необработувана. Прво, домати и пиперки. Следната година Дрита за прв пат започна со продажба на пазарот во Преко на островот Угљан, од каде што потекнува нејзиниот сопруг. Двапати неделно ќе однесеше околу 30 кг домати, две, три вреќи пиперка и за една недела ќе заработеше толку колку што беше платата на сопругот во тоа време. Во меѓувреме, тие го проширија производството на 1.500 квадратни метри.
„Ја обработувам земјата која ми ја отстапија сопствениците запишани во катастарот. А каква беше ситуацијата ќе ви стане јасно ако ви кажам дека за површина од 1000 квадрани метри морав да барам согласност од 17 косопственици“-вели Дрита.

Несредените имотни односи се првите пречки со кои се соочуваат многу луѓе кои започнуваат да се занимаваат со земјоделско производство. „ Овие имотно правни односи не се средени речиси во целата држва , иако од ЕУ добивме пари за катастарски премер и средување на сопствеништвото. Но парите во меѓувреме се потрошени, а земјата остана сечија и ничија освем таму каде што во меѓувреме како сопственик се запиша државата.“,вели Дрита.
Произведува зеленчук за 50 фамилии
Со согласност од косопствениците таа го заокружи својот имот на 1,8 хектари, успеа да набави машини, направи пластеник за производство на расад, ископа три бушотини за наводнување….Без крадити и без субвенции. Се финансирала од сопственото производство. Дури не аплицирала ниту на некој јавен повик за рурален развој бидејќи нема услови затоа што нема своја земја, земјата која што ја обработува и е дадена така речено „на збор“ без никаков договор.
На прашањето дали производството на зеленчук на толку мал, изнајмен имот може да обезбеди средства за живот, Дрита одговара лаконски: „Секако дека може. На 1,8 хектари земја може да се одгледува зеленчук за 50 семејства. И со толку многу производство, едно семејство може да заработи за солиден живот под услов своите производи самите да ги продаваат на пазарот “, вели Дрита. Покрај гореспоменатиот сезонски зеленчук, таа заедно со нејзиното семејство одгледува и 50 маслинови дрвја, и насад од 1.000 садници артичоки , а исто така имаат и повеќе кокошки несилки, чиј број наскоро ќе го дуплираат. Со кокошките, производниот циклус е заокружен затоа што е подобро со преостанатиот зеленчук да хранат кокошки отколку да гифрлаат остатоците.

“Кога не береме маслинки бериме јајца. Кај нас бербата никогаш не престанува“– со карактеристична насмевка налицето раскажува оваа вредна жена.
Покрај тоа што на многумина им е позната како продавачка што продава само свои производи, Дрита Дунатов е најпозната во Задар како „свиркач“ против шверцерите. Пред неколку години, работите станаа толку интензивни што многумина и се закануваа, лажно ја пријавуваа, така што инспекторите дојдоа да ги контролираат нејзините насади наместо да ги проверуваат шверцери. Дури правеле и записници поради тоа што немала поставено видливи табли со името на нејзиното земјоделско стопанство.
“Шверцерите ги научија купувачите да ги има сите сорти на овошје и зеленчук во текот на целата година -вели Дрита. Не и помогнло ни воведувањето на фискална каса бидејќи сопствениците на земјоделски стопанства не се должни да издаваат фискални сметки. „Така шверцерот може да формира фирма , не произведува ништо , а продава се и сешто.Со тоа не само што и штети на државата туку ја убива и желбата за работа кај вистинските земјоделци. Ја блокира секоја активност и секоја желба за работа“.вели Дрита.
Според неа за пропаст на земјоделството до некаде се виновни и субвенциите кои се исплаќаат врз основа на површините на ниви и пасишта, а не врз основа на произведеното. Па каде го има тоа –прашува Дрита?
„Многу работи се грешно поставени “. Со благослов на политичките елити, наместо задруги и организации на производители, ние сè уште имаме откупувачи и дилери кои„ тргуваат “меѓу производителите и потрошувачите. Чудно е што имаме се помалку сопствена храна. Можеби, -вели Дрита-, оваа пандемија ќе не опамети“.

“ Некако верувам дека секое семејство ќе се врати на своето парче земја и ќе се храни со свое производство. На 150 метри квадратни, едно четворочлено семејство може да произведе 300 кг зеленчук, да се храни и да го заштитат своето здравје “, заклучува Дрита Дунатов, сопственик на свое земјоделско стопанство и во свој стил, вели дека го прави она што го сака и го сака она што го прави. Толку многу што на крајот рече: „Јас не би го сменила мојот избор за претседателска, премиерска, директорска или која било друга фотелја“.
Извор:Агроклуб.рс
Напишете коментар