Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Се затвораат сточните пазари, храна без сертификат ќе се запленува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Добиточен пазар > АХВ: Се затвораат сточните пазари, храна без сертификат ќе се запленува
Добиточен пазар

АХВ: Се затвораат сточните пазари, храна без сертификат ќе се запленува

Последна измена: 19/03/2020 11:23
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Сите животни кои ќе се затекнат во промет без сертификат за нивната здравствена состојба, или кои не се идентификувани, ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети, без надомест за настанатата штета, односно, на трошок на одгледувачот.

Затворање на добиточните пазари и собирните центри, движење на животински пратки само со сертификат за здравствена состојба, дезинфекција на превозните средства, се дел од мерките што ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарство со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Според АХВ, движењето на пратки со животни може да се врши само ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба на животните и со документ со кој се потврдува безбедноста на храната со која се тие хранети.

АХВ информира дека  животните смее да се превезуваат директно во кланица или на одгледувалишта кои ги исполнуваат биосигурносните услови, но, пред товарањето и по растоварот, превозното средство треба да е соодветно исчистено и дезинфицирано, за што се издава потврда од страна на овластено ветеринарно друштво. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни со непознат здравствен статус.

– Сите животни кои ќе се затекнат во промет без сертификат за нивната здравствена состојба, или кои не се идентификувани, ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети, без надомест за настанатата штета, односно, на трошок на одгледувачот -велат од АХВ.

Од АХВ апелираат ветеринарните друштва редовно да се информираат и да ги следат заклучоците на Владата и на Министерството за здравство.

-Тие не треба да вршат активности во одгледувалиштата каде има лица кои се во само изолација, а активностите од областа на здравствената заштита и благосостојба кои во вакви услови се редуцирани, во населените места во кои има лица заболени од вирусот КОВИД 19 да се остават последни, односно во овие области, ветеринарните активности од овој тип ќе се спроведат кога ризикот од вирусот нема да постои – додаваат од АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство во наредниов период нема да издава сертификати за безбедност за извоз на брашно, бидејќи е забранет извоз на брашно.

Оттаму апелира да се почитуваат процедурите за постапување во синџирот на утовар/растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз.

АХВ соопшти и дека нејзините инспекциски служби ги засилија контролите кај операторите со храна кои вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните.

 Се вршат проверки дали се почитуваат основните и посебните услови за дистрибуција на храна, правилата на Добра производствена и хигиенска пракса, како и дали се почитуваат препораките за спроведување на засилената дезинфекција на опремата и транспортните средства со цел намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19 – велат од АХВ.

Може да ви се допадне

Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната
АХВ го одбележа 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна
АХВ воведе засилени мерки на надзор по појава на ново жариште на болеста чума кај малите преживари во соседна Албанија
АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна
АХВ уништи 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден
Таг:ахвЗатворање на сите сточни пазариСточни пазариХрана без сертификат
Претходен напис Работата во природа е најдобра превенција против корона вирусот, наместо да гледаме во телевизорот и да слушаме панични вести
Следен напис Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот на луѓе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?