Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита на овоштарникот од елементарни непогоди со помош на противградни мрежи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Заштита на овоштарникот од елементарни непогоди со помош на противградни мрежи
Совети

Заштита на овоштарникот од елементарни непогоди со помош на противградни мрежи

Последна измена: 26/01/2020 14:55
Сподели
4 мин. за читање
mreža protiv tuče protugradna mreža
Сподели

Со цел овоштарството  да биде успешен бизнис и да може да  ги  даде очекуваните резултати, треба да се превземат одредени активности за заштита на овошките од природни непогоди. Она што остава сериозни последици врз овоштарниците е секако  градот, а во последните години  тенденцијата на неповолни климатски услови е сè поизразена во нашиот регион.

Иако осигуритените компании, со  услугите што ги нудат на земјоделците претставуваат одредена  заштита за насадите,  сепак тие можат  да ги ублажат само финансиските загуби. Вистинските загуби се значително поголеми со тоа што овошките кои се погодени од град можат да имаат намлаен род и наредните  години, а поради тоа може да дојде и до раскинување  на деловните контакти со договорените купувачи и сл.

Поради ова последните години, како  атрактивна и успешна заштита за овоштарниците се користи протвградна мрежа, со чија помош насадите со овошје адекватно се заштитени од климатските непогоди. Ова претставува гломазен систем за заштита кој небара дополнително одржување и со кој релативно лесно се ракува.

Кога овоштарникот ќе се покрие со противградна мрежа, тој е благо заштитен дури и од температурните варијации,  во смисла дека во овоштарникот температурите ќе бидат пониски ако надворешните се екстремно високи и обратно, ќе бидат повисоки ако надворешните температури се екстремно ниски.

Конструкцијата на противградните мережи  е составена од  столбови, решеткасто распоредени  низ целиот овоштарник, меѓусебно поврзани со систем од сајли, држачи, затегачи и др. прекриени со мрежи, чија основна функција е  да формираат механичка заштита од град на целиот овоштарник.

Во зимскиот период  мрежите се собрани и прицврстени со сајли поставени над секој ред. Во пролет мрежите се шират и меѓусебно се спојуваат со посебни спојки. Спојувањето се врши на растојание од неколку метри така да помеѓу спојките остануваат процепи за да може градот низ нив да се слева во средината на меѓуредниот простор.

Самите мрежи се направени од материјал произведен врз база на полиетилен. Во праксата најзастапени се црните мрежи но можат да се сретнат и сиви и бели мрежи. Покрај  бојата тие се разликуваат и по хемискиот состав , односно според трајноста. Најотпорни се црните мрежи и за нив се вели дека нивниот век на траење е подолг од животниот век на овоштарникот.

За да може да се постави противградна мрежа неопходно е најпрво да се постават столбови кои можат да бидат бетонски  или дрвени. Бетонските столбови се подолготрајни, но мора да бидат поставени на цврста подлога за да се избегне опасноста тие да почнат да тонат. Дрвените столбови се сосема адекватни за поставување на противградна мрежа , но мора да се води сметка да бидат од импрегнирано дрво за да  бидат отпорни на влага.

Системот на противградни мрежи треба да биде проектиран посебно за секоја парцела, бидејќи мора да се земат во предвид сите карактеристики  на теренот  и  на овошките. Пожелно е целата работа да им се препушти на стручњаците кои ќе можат да направат проценка на условите и според нив да го конструираат целиот систем.

Извор: Агро – еко Магазин

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Техника за садење на боровинки во саксија
Како да одгледате ловоров лист во саксија
(ВИДЕО) Правилно кроење и калемење на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО
Лозарите ги покриваат виновите лози за да ги заштитат од ниските температури
(ВИДЕО) Снегот и ниските температури можат да доведат до термички шок кај пчелните семејства, што треба да се превземе
Таг:Заштира на овоштарникот од градПротивградни мрежи
Претходен напис Производство на етерични масла
Следен напис Добри и лоши соседи кај растенијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?