Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Есенска подготовка на градините и сеидба на зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Есенска подготовка на градините и сеидба на зеленчук
Совети

Есенска подготовка на градините и сеидба на зеленчук

Објавено 03/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Есента е периодот кога градинарите започнуваат со подготовките на градинарските површини за наредната пролетна сезона. Во овој период се врши сеидба, пикирање и садење на одредени градинарски култури, и затоа е важно навремено да се подготват леите и да се обезбеди доволно количество хранливи материи за правилен раст и развој на растенијата.

Зеленчукот најдобро успева на сончеви и добро проветрени места, каде што нивото на подземните води не е високо. При изборот на градинарските култури потребно е да се направи правилен плодоред и план за сеидба. Најпрво се отстрануваат жетвените остатоци, а потоа се врши ѓубрење со арско ѓубриво, а по ѓубрењето се препорачува длабоко есенско орање на длабочина од 30–35 cm. Во зависност од планираните култури и начинот на одгледување, може да се примени и мулчирање со органски материјали, како слама или суви лисја. Оваа мерка помага во заштитата на почвата од нагли температурни промени, го намалува губењето на влагата и придонесува за подобри услови за презимување на растенијата.

По основната подготовка на почвата, во зависност од културата што ќе се одгледува, се оформуваат леи. Препорачаната ширина на леите е околу 120 cm, со што се овозможува полесно плевење и обработка без газење и набивање на почвата.

Леите треба да бидат правилно оформени и функционални, со висина од околу 10 cm над нивото на почвата, за да се овозможи полесно истекување на вишокот вода при обилни врнежи. Помеѓу леите треба да се остават патеки со ширина од 30–50 cm, за непречено движење и извршување на потребните работни активности.

- Реклама -
Ad image

Најпрво се сеат градинарските култури на кои за ‘ртење и никнување им се потребни пониски температури, од околу 3–5 °C. Во оваа група спаѓаат грашокот, спанаќот, салатата, кромидот и лукот, како и морковот и ротквицата и др. Нивниот развој зависи од температурните услови, а соодветната подготовка на почвата и навремената сеидба придонесуваат за подобро вкоренување и успешно презимување на растенија и добар почеток на пролетната вегетација.

Агрометео

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) ОКТОМВРИ Е ВРЕМЕ ЗА САДЕЊЕ НА ОВИЕ РАСТЕНИЈА – Тие ја издржуваат зимата без никакви проблеми!
Зрелост и берба на грозјето
Формирање, налевање и зреење на зрното кај пченката – Значаен период за приносот и квалитетот
Високите температури и нивното влијание врз виновата лоза
Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Таг:градинаесен
Претходен напис Ладилници во месарница во северниот дел на Атина цел на хакерски напад
Следен напис Нови 19 тони јаболка вратени од Бугарија поради присуство на пестициди над дозволеното ниво!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?