Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Добри и лоши соседи кај растенијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Добри и лоши соседи кај растенијата
Растително производство

Добри и лоши соседи кај растенијата

Последна измена: 26/01/2020 17:17
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Мешовитото одгледување на различни видови  култури, на секој градинар  му овозможува поефикасна заштита од болести, штеточини, коров, поголеми приноси и помала потрошувачка на хемиски средстрав за заштита на растенијата.

Растителна консоцијација или комбинација претставува специфичен начин на одгледување каде што повеќе култури се одгледуваат на исто место и во исто време.

Интеракциите помеѓу растенијата се познати  илјадници години наназад. Механизмот на овие интеракции работи на принципот на алелопатија, што значи влијание на едно растение врз друго. Секое растение има специфичен мирис и исцедок од коренот, кои влијаат на растот на соседните растенија, и на тој начин може да ги поттикнат на подобар или полош развој. Одредени растителни „соседства“ можат да бидат добра превентивна или заштитна мерка против болести и штетници.

Со добро планирање до  хармонична растителна заедница

Добро испланираната мешавина на земјоделски култури одгледувана на едно место доведува до разновидна и хармонична растителна заедница, каде што потребите на едно растение не го засенуваат другото, туку напротив тие си помагаат едни со други. Мора да се внимава растенијата да не се засенуваат едни со други со своите лисја и плодови и секогаш да имаат доволно простор , светлина и воздух. Приносите кај ваквиот  вид на одгледување, често се повисоки од приносите кога се одгледува само една култура. Покрај тоа, голема е предноста да се има навремено снабдување со ран зеленчук и зачински растенија бидејќи созреваат во правилни интервали. После бербата на зелената салата, ротквиците и спанаќот, се создава место за главните култури. На овој начин се постигнува  подобра  искористеност на  површината на која се одгледуваат растенијата.

Иако сите растенија користат хранливи материи од почвата, мешункастите растенија (грашок, грав) враќаат дел од хранливите материи во почвата благодарение на корисната соработка со бактериите што го фиксираат азотот од воздухот. На овој начин, почвата се збогатува со азот што ќе го користат другите растенија за растење и развој и со тоа се  подобрува плодноста на почвата. Во консолидацијата, растенијата се штитат едни со други, бидејќи растенијата со повисок раст создаваат поповолни фитоклиматски услови за останатите култури кои имаат понизок раст , така што во почетокот на  растењето  ги засенуваат  пониските растенија и ги штитат од високите температури и од ветрот, а исто така може да бидат и подлога за искачување на растенијата. Како по правило, може да се каже дека голем број на растенија се толерираат едни со други и имаат корисен ефект едни на други. Постојат релативно малку нетолерантни растенија кои, кога се засадени заедно, создаваат негативни влијанија.

Зачините играат важна улога во одгледувањето на мешовити култури

Зачинските растенија играат многу важна улога во  одгледувањето на мешовити култури, бидејќи тие делумно го подобруваат вкусот на соседните растенија. Ова е забележано, на пример, кај раните компири засадени во близина на ким и коријандер.  Покрај тоа, аромите што ги даваат зачинските растенија  ги одвраќаат штетниците. Целерот  ја штити зелката од болви и гасеници. Босилекот , мајчина душица и нането  ја штитат зелката од напад на молци. Невенот го подобрува  растот и здравјето на многу растенија со тоа што ги уништува штетниците.

 Не сите инсекти се штетници,  има и такви кои се  корисни односно такви што се хранат со штетниците или ги паразитираат. За да се појават  корисни инсекти, неопходно е да се посеат растенијата  кои се нивни домаќини. Копарот привлекува паразитски оси кои можат да помогнат при напад на гасеници на зелката или на зелената салата. Други растенија кои можат да бидат  домаќини на корисни  инсекти се анасон, босилек, нане и др. Декоративните растенија исто така можат да играат корисна улога. Така на пример цветовите од лаванда ги одбиваат  мувите и сите видови молци.

Како правилно да ја ѓубриме почвата

Бидејќи на исто место  се наоѓаат  растенија кои бараат  поголемо или помало внимание, подготовката на почвата и ѓубрењето мора да бидат усогласени  со ова. Деловите каде што се одгрдуваат  зелка, краставици, компири, кромид, морков, цвеклото и зелената салата ќе се прихрануваат во есен и тоа со арско или органско ѓубриво. Сите други површини можат да добијат компост. На зеленчукот што бара прихрана во текот на сезоната на растење му се додава течно ѓубриво од коприва.

Мешовитото одгледување  на земјоделските култури му овозможува на секој градинар да обезбеди заштита од болести, штетници и плевели, да има повисоки приноси и помала потрошувачка на хемикалии за заштита на растенија. Овој метод на култивирање бара многу планирање, напор и експериментирање, но со текот на времето и со подобро запознавање со  тајните на растенијата, може да се постигнат убави резултати.

Извор: Агрокуб.рс

Може да ви се допадне

До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм
Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Oдгледување на две култури на иста нива: Кои се најдобри комбинации?
Одгледувањето домати е вистински предизвик: Навременото сеење и изборот на сортата влијаат на квалитетот на плодот
Таг:Мешовито одгедување на зеленчукРаститена консоцијација
Претходен напис Заштита на овоштарникот од елементарни непогоди со помош на противградни мрежи
Следен напис Седум најголеми заблуди за маслиновото масло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?