Во последниот период, забележително е тоа што, многу локални самоуправи во Србија, својата шанса за напредок ја гледаат во развој на локалниот туризам, а тоа особено е нагласеново оние подрачја низ кои минуваат реки. Општина Беочин на Фрушка гора , каде што минува реката Дунав е една од таквите средини.

Селото Баноштор кое припаѓа на оваа општина и се наоѓа во северниот дел на Срем, како и неговите жители имаат предност кога станува збор за руралниот и винскиот туризам, така што започнаа винарите да ги спојуваат со разни здруженија, а се со цел за подобра промоција на надалеку прочуеното „баношторско вино“.

Сувенири кои го промовираат виното
Радослава Јанковиќ од здружението „Мајкина работилница“, се занимава со изработка на сувенири кои ја отсликуваат целата убавина на Баноштор, европските реки и бескрајните лозја. Креативноста и талентот ги наследила од своите баба и мајка и сега заедно со винарите од селото успешно го промовира својот крај и сите негови убавини. Велат дека од сувенирите кои ги продаваат на туристите, понекогаш и ги подаруваат може добро да се заработи.


– “Јас најмногу сакам да изработувам магнети, украсни шишиња и сите останати видови рачни работи инспирирани од убавините нанашиот Баноштор. Долгогодишната соработка со овдешните винарии резултираше со изработка на сувенири кои го промовираат виното, грозјето, Дунав и нашето место. Изработивме и поклон пакети кои ги добиваат туристите кои наминуваат кај нас, а за секој од инспирација ни е виното „Седуш“ , сорта која потекнува токму од нашето село. Исто така имаме пакети со мотиви на Петроварадин, Нови Сад и секако виното Неопланта“, вели Јанковиќ.

Апартмани за поголем број туристи
Секој предмет има некоја своја порака, некоја своја приказна која Радослава, со особено задоволство ја пренесува на туристите кои доаѓаат во Баноштор. Бидејќи продажбата оди добро, тоа секако ја охрабрува Јанковиќ, која својата дејност наскоро ќе ја прошири.
– “Јас не можа да се пожалам. Нема да кажам дека се заработува една плата, но добро доаѓа како поттик за понатаму. Задоволна сум, бидејќи го работам она што сакам и секако заработувам. Она што морам да го напоменам е дека, еве после 10 години дојде време здружението да отвори етно туристичко домаќинство кое ќе има три апартмани и 14 легла, што се надевам ќе привлече поголем број на туристи. Во рамките на домаќинството ќе има и дегустациона сала каде ќе се служат само војводински јадења, но од намирници кои потекнуват од нашето село“.- вели таа.

Оваа година се е некао во сенка на корона вирусот, па сите планови на мештаните не успале да се реализираат. Сепак доаѓаат нови времиња, за кои се надеваат дека ќе бидат подобри. Дунав и понатаму ќе ги привлекува патниците намерници кои со добрата домашна храна ќе пијат најдобри вина и ќе уживаат во преубавата природа, пресликана на сувенирите израбитени од вредните и креативни раце на жителите од ова живописно село.
Извор: Аgroklub.rs
