Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини
Агровести

Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини

Објавено 27/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна вредност изнесува 1.048.509 денари.

Средствата се доделени по спроведен јавен повик, на кој пристигнаа 26 предлози. По завршувањето на административната проверка и постапката за избор, седум од предложените манифестации ги исполнија утврдените услови за добивање техничка поддршка.

„Домашното производство не се зајакнува само со зголемување на произведените количини. Важно е производот да биде препознаен, соодветно вреднуван и да го пронајде својот пат до потрошувачите. Локалните манифестации и саеми ја создаваат токму таа врска, односно  ги доближуваат производителите до купувачите, овозможуваат размена на знаења и искуства и внесуваат нова економска енергија во руралните средини“, порача министерот Серафимовски при потпишувањето на договорите.

Поддршка за организирање на манифестации добија:

  • Здружението за рурален и регионален развој „Блесок“ од Радовиш, за манифестацијата „Од зрно до погача“;
  • Земјоделската задруга „Шари“ од Тетово, за „Ден на задруги 2026“;
  • Здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола, за „Рурална жена – силата на Пелагонија“;
  • Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“ од Скопје, за „Храна за сите“;
  • Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“ од Кавадарци, за „Тиквешија плодна лоза благородна 2026“;
  • Здружението на конвивиум „Слоу Фуд Прилеп“ од Прилеп, за „Корени и трпеза – рурална жена денес“;
  • Општина Кратово, за манифестацијата „Компиријада 2026“.

Со поддршката на овој тип на манифестации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да создава простор македонските земјоделски производи да допрат до повеќе потрошувачи, а руралните средини во поголем обем да ги искористат своите производствени, туристички и економски потенцијали.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата, состојбата е стабилизирана и не треба да се споредува со Гостивар
Аневска: Водата од гостиварскиот водовод може да се користи за лична хигиена и миење садови
Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
Таг:промоцијаразвојруралните срединиседум договориСерафимовски
Претходен напис Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата, состојбата е стабилизирана и не треба да се споредува со Гостивар
Следен напис Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?