Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Охридските села конечно ќе добијат урбанистички планови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Охридските села конечно ќе добијат урбанистички планови
АгровестиРурален Развој

Охридските села конечно ќе добијат урбанистички планови

Објавено 01/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со години недостокот од урбанистички решенија за селата на територијата на општина Охрид ги попречува овие средини во стопанскиот и туристичкиот развој. Досега во селските населби, изградените објекти беа на земјоделски површини, а не на градежни па со урбанзиацијата ќе може да се понудат потенцијалите за развој на општината.

Инаку, според член 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во кој, во ставот 1 каде било утврдено дека: „Урбанистички план за село е урбанистички план кој се донесува за подрачје на населено место – село, утврдено со закон.“ Досега голем број села, и тоа не само во Охрид, никогаш не биле урбанизирани со планска документација, туку само како времена планска одредба.

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, заедно со претставници од Секторот за урбанизам, остварија средба со планерските куќи кои беа избрани на тендер за изработка на урбанистички планови за охридските села, Велгошти, Горно Лакочереј, Орман, Вапила, Љубаништа, Трпејца, Косел, Рамне, Сирула, Елшани, Лескоец, Опеница, Куратица, Лагадин, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Подмоље и Горно Коњско.

На средбата беше констатирано дека најефикасниот начин за борба против дивоградбите е носењето на Деталните урбанистички планови.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти кој гравитираат во овие опфати, своите идеи и предлози ќе можат да ги достават до Секторот за урбанизам преку архивата на Општина Охрид.

Извор: Мета

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Охридски селарурален развојурванистички план
Претходен напис Рурален туризам: Заработуваат од продажба на сувенири, а планираат да отворат и апартмани за туристи
Следен напис Зошто козјото сирење е поинакво од останатото?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?