Есента ни носи уште една вкусна намирница – костенот, кој не само што е вкусен туку има и бројни позитивни својства за нашето зравје.
Нутриционистите велат дека препорачливо е да се консумираат 85 грама костени на ден.
Костенот содржи еден грам масти и помалку од 70 калории во 30 грама. Содржи и витамин Ц, а дневната доза од 85 грама костен содржи 45 % од дневните потреби на организмот за витамин Ц.
Плодот на костенот е богат со фолати . Во него освен витамин Ц ќе се пронајде и витамин Б1, Б2, Б6 и фолна киселина. Таа е заслужна за формирање на црвени крвни зрнца и за синтеза на ДНК. Оваа храна е добра за бремените жени, бидејќи спречува појава на аномалии кај фетусот.
Јадејќи костени, во организмот ќе внесете и важни материи како влакна, магнезиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк и калиум.
Со консумирање на костен, неговите влакна ќе помогнат да се намали нивото на холестерол. Од костенот може да се прави брашно и пире, бидејќи, исто како лешникот и бадемот, костенот не содржи глутен.

Овој плод можете да го јадете варен, печен, да правите пире или да подготвите чај. Костенот помага кај дигестивните и бубрежните проблеми, а чајот од костен помага кај симптоми на астма и бронхит. Дивиот костен како лек се користи кај проблемите со проширени вени и испукани капилари, кај хемороидите, болните менструации и зголемена простата.

Во костенот се наоѓа високо ниво на моно-незаситени масти, како што се олеинската и палмитинската. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и ќе за намалување на нивото на холестерол.
Костенот има својство да ја исфрла водата од организмот, па со тоа помага кај бубрежните и желудочните проблеми. Помага при циркулација и протокот на храна низ цревата.
Поради своите антивоспалителни својства, костенот е идеална намирница за луѓето кои страдаат од артритис и реума.
Извор: Nezavisne novine
