Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола
Агровести

Вториот протест на градинарите со блокада на патот Прилеп – Битола

Објавено 14/09/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Втор протест на земјоделците – градинари се одржа денеска на автопатот Прилеп – Битола кај Тополчани. Стотина производители на пиперка од Пелагонија го блокираа патот во знак на револт поради застојот на откупот и ниските цени на ајварката. „Доведени сме до пропаст“, велат долгогодишни производителите на пиперка. Барањата кои ги доставиле до Владата и ресорното министерство (а не добиле никаков одговор) за итни интервенции во откупот, ниската цена и исплата на заостанати субвенции по површина и предадено производство од лани ги повторија на  протестот.

-Како прво, да се обезбеди непречен и навремен откуп на пиперката во рок од 15 дена.Второ итно да се организира заедничка средба меѓу претставници на Владата, Министерството за земјоделство, производителите, откупувачите и прерабовачките капацитети заради изнаоѓање на наше конкретно решение.Трето, да се обезбеди економски оправдана откупна цена која ќе ги покрива реалните производствени трошоци и ќе обезбеди минимална заработка за производителите.Четврто, доколку пазарната цена остане под реалните производни трошоци, Владата да обезбеди интервентна финансиска поддршка или да отвори интервентен финансиски фонд по предаден килограм со кој ќе се ублажат загубите на производителите.Точка пет, итна исплата на заостанатите субвенции по декар и килограм предадени количини и по површина за 2025 та година,“ ги посочи барањата Васко Десаноски. 

Земјоделците велат дека имаат договори, но никој не ги почитува, семејствата се во крајно неповолна состојба бидејќи станува збор за инвестиции кои веќе се направени, а откуп нема.

-Имам засадено околу 6 хектари пипер. Сите ние овдека земјоделциве имаме направено некои договори со откупувачите. Откупувачите имаат направено договори со преработувачите. Ние имаме договори, меѓутоа досега немаме продадено од нашата пиперка ни 2%. Магацините едноставно се затворени, се купува одредена количина. Дали 5% од пиперката досега е предадена по  просечна цена од 15 до 18 денари за килограм. Тоа е срамота. Се тактизира, нема извоз. Јас не сум за извозот да кажам, јас сум за да произведам. Се сомнуваме дека се тактизира. Ние сме фамилија од шест души дома. Шест луѓе работиме ние дома за таа пиперка да се произведи. Годинава очекуваме околу 200 тона пипиерка, а имаме вложено досега преку 30,000 евра,“ вели Јане Камчески, земјоделец од Бела Црква и додава дека цената на ајварката треба да биде од 25 до 30 денари за да ги покријат барем трошоците за производство. 

Поради информациите дека се враќа на македонската пиперка од странство со наводно вишок пестициди земјоделците предлаат проверките при извоз да го врши при излез Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Тоа претставува некој вид притисок на нашето производство. И јас во овој случај би повикал АХВ да преземе соодветни мерки тука да се проверуваат пиперките на излез за да не ни се случуваат овие работи, затоа што не можеме да веруваме на оние коишто надвор во своите држави вршат проверка и таму ги уништуваат пиперките. Од друга страна се поставува едно логично прашање: каде одат произведените пиперки коишто не се извезуваат, а АХВ ги нема откриено. Тие сите завршуваат на нашиот пазар. Значи сите ние ги ги конзумираме пиперките коишто се преполни со пестициди доколку ги има. Ова уште додатно ги оцрнува нашите градинари за коишто барем голем дел знам дека воопшто немаат таква можност за за користење на пестициди во толку големи количини. Претпоставувам дека има влијание и тоа и тоа треба сериозно да ги загрижи и Владата и Агенцијата за храна и ветерина и секој да си го сработи својот дел од работата за којашто е платена,“ вели Васко Јосифоски, земјоделец од битолско Трновци. 

Патот Прилеп – Битола беше блокиран од 10 до 11 часот. Се пропуштаа  возила на Итната медицинска помош приватни возила кои превезуваат болни лица. Исклучок од блокадата имаше и за возила на полицијата, Армијата и противпожарните служби. Земјоделците најавуваат дека ќе продолжат со протести и блокади доколку надлежните немаат слух за нивните барања.

Извор: radiopela

Може да ви се допадне

Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, го штитиме стандардот на граѓаните
Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година
Петнаесет денари за килограм пиперка ајварка не е откупна цена, туку загуба и понижување на нашиот труд – реакција на земјоделците од Пелагонија
Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола пожарот во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица
АФПЗРР ја објави ранг листата на баратели од Јавниот повик бр.01/2025 за Мерка 1 од ИПАРД 3
Таг:Битолаблокадаградинаритеприлеппротест
Претходен напис Петнаесет денари за килограм пиперка ајварка не е откупна цена, туку загуба и понижување на нашиот труд – реакција на земјоделците од Пелагонија
Следен напис Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?